Компактните СУВ се главни двигатели на продажбата во Европа во првото тромесечје

Продажбата на новата генерација на Пежо 3008 се зголеми значително во првите три месеци. Петтиот најпродаван компактен СУВ постигна раст од 47 проценти.

Додека целиот автомобилски пазар во Европа во првото тромесечје беше во мирување, раст имаат СУВ-моделите од компактната и средната класа, лимузините од средна класа и вановите од сите големини. Пазарот продолжува да опаѓа за класичните компакти и за мини автомобилите.

Овие движења важат за големоволуменските марки. Кај премиум марките, паѓа побарувачката за компакти и модели од средна класа, додека продажбата расте кај големите и кај малечките авотмобили.

Компактните СУВ го зацврстија своето место како најпродаван сегмент на европскиот автомобилски пазар, откако во јануари ги престигнаа малечките СУВ-модели. Со продадени 602.191 возила, компактните СУВ во првите три месеци имаат предност од 37.000 возила пред малечките СУВ, односно модели од Б-СУВ сегментот.

Во првиот квартал лани, малечките СУВ-модели водеа пред моделите од Ц-СУВ сегментот со 82.000 возила. Тоа значи дека оваа пресвртница од Б- кон Ц-СУВ сегментот донесе разлика од вкупно 120.000 возила.

Три модели на компактни СУВ се најмногу заслужни за растот во продажбата во сегментот. Прв е Фолскваген Тигуан, којшто напредуваше 27 проценти, уште е поголем растот од 47 проценти кај Пежо 3008, на петтото место, откако имаше релативно бавен старт во новата генерација, а посебно е впечатлив електричниот Фолксваген ИД.4 на 10-то место, со раст од 118 проценти.

Германскиот производител преку попусти и акции ја зголеми продажбата на своите електрични модели, одговарајќи на строгите барања на ЕУ за смалување на емисијата на ЦО2.


Кинескиот електричен БИД Сил Ју, којшто сега е достапен и во изведба со приклучен хибриден погон, исто така помогна за сегментот на големите СУВ и кросовери во првите три месеци да постигне раст од 105 проценти. Овој сегмент сепак се движи во граници во последните години, поради строгите ограничувања на ЕУ за емисијата на ЦО2.

Моделите од средна класа, којшто беа во мирување во изминатите неколку години, постигнаа сличен напредок, откако електричниот Фолксваген ИД.7 се искачи на третото место, зад Тесла Модел 3 и зад Фолксваген Пасат. Во растот учествуваше и БИД Сил, на шестото место.

Мали ванови ги заменуваат поголемите ванови, за купувачи што бараат противвредност

Европските купувачи уште одамна ги напуштија минивановите (Еспас, Галакси и сл), меѓутоа во потрага по возило што нуди голем простор, а се продава по достапна цена, сé почесто посегнуваат по компактни ванови (Кеди, Берлинго) и големи комбиња (Транзит, Транспортер). Пазарот на компактните ванови во првите три месеци постигна раст од 26 проценти, додека големите комбиња напредуваа за 24 проценти.

Малечките автомобили се соочија со пад од 25 проценти, што во најголем дел се должи на престанокот со производсво на Фиат 500 со бензински мотор, поради новите закони на ЕУ, што погодија бројни модели во сите класи.

Алфа Ромео Јуниор носи заслуга за големиот раст во продажбата на малечките СУВ од премиум марки во првите три месеци. Јуниор на тестот во Аутомедиа

Малечките автомобили од премиум сегментот, на коишто некогаш отпаѓаше само мал дел од пазарот, постигнаа раст од 23 проценти, откако сé повеќе производители се вклучуваат во истиот. Два сосем нови модели, Алфа Ромео Јуниор и Лексус ЛБИкс, најмногу се заслужни за растот, покрај староседелецот Ауди А1, којшто во текот на годинава ќе престане со производство.

Големите автомобили од премиум марките привлекоа 33 проценти повеќе купувачи во споредба со првиот квартал лани. Засилувањето доаѓа од новите генерации на докажаните моделски имиња во овој сегмент. Серијата 5 на БМВ, прва во сегментот, ја зголеми продажбата за 50 проценти, додека електричниот БМВ и5, на четвртото место, има раст од 65 проценти. На второто место е Мерцедес-Бенц Е-Класа со продажба зголемена за 32 проценти.

[the_ad id=”85764″]

Кај премиум моделите од компакт и средната класа се случи поголем пад во продажбата во споредба со првиот квартал лани. Сите компакти во водечката десетка изгубија од пазарот лани, додека целиот сегмент е 23 проценти во минус. Во средната класа, само еден модел во Топ 10 ја зголеми продажбата, во сегментот што е смален за 37 проценти во споредба со лани.

Единствен премиум модел во средбата класа што не изгуби од пазарот лани е 10-то пласираниот ДС Но.8, знаменосецот на француската марка на Стелантис, којшто почна со продажба годинава, и за три месеци се продадени само 160 примероци.

Претходна објаваКинеските производители на автомобили им распослаа црвен тепих на новинарите на Ауто Шангај
Следна објаваДонгфенг Еолус Мејџ · Тест · Вонкинески автомобил

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here