за

Мотоспортот е стогодишна традиција во Audi

Историското одделение на Audi извлече неколку скапоцени автомобили од светите хали на марката за да ги прикаже во чест на светскиот ден на музеите.

Audi Tradition, специјалистите за историјата на марката, за Меѓународниот ден на музеите направија избор на најважните автомобили, за да ја прикажат повеќе од стогодишната традиција на Audi во мотоспортот.

Во неделата, во Audi museum mobile можеше да се погледнат вредни автомобили од историјата на мотоспортот на марката со четирите прстени. Изборот на моделите: Од Audi Typ C „Alpensieger“ (алпски победник), преку легендарните сребрени стрели на Auto Union и незаборавниот Audi Sport quattro S1 од дивите години на релито, до автомобилот што учествуваше на годинешното Рели Дакар, Audi RS Q e-tron. Празникот на музеите беше одбележан соодветно и на Ауди Пјаца во Форумот на Ауди во Инголштат.

Историчарите на Audi одбраа денот на музеите да го одбележат преку богатата историја на мотоспортот на баварската марка. Следната дузина автомобили потекнува од светите хали на Audi, каде што грижливо се чуваат конзервирани највредните автомобили од минатото на Audi и се подготвуваат специјално, за јавноста да ги види тие историски сведоштва.

> Audi 14/35 PS Typ C „Alpensieger“, 1919

> NSU 501 T, 1928

> DKW UL 700 Seitenwagen-Gespann, 1936

> Auto Union Grand Prix Rennwagen Typ C, 1937

> Auto Union Grand Prix Rennwagen Typ D, 1938

> DKW Hartmann Formel Junior Rennwagen, 1961

> NSU/Wankel Spider Rennwagen, 1966

> Audi 50 Rennwagen, 1975

> Audi Sport quattro S1 E2 „Olympus”, 1985

> Audi R18 e-tron quattro, 2013

> Audi e-tron FE07, 2021

> Audi RS Q e-tron „Dakar”, 2022

Линк до мобилната апликација Audi Tradition App за пристапување до историските модели на Audi преку мобилен телефон

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.audi.auditradition

Auto Union Grand Prix Rennwagen Typ C

New item by Automedia MK / Google Photos

Audi 14/35 PS Typ C „Alpensieger“, 1919

New item by Automedia MK / Google Photos

Audi e-tron изгледа како да е излезен од Стар Ворс

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Mercedes-AMG A 45 и CLA 45 во посебна изведба за 55 години AMG

Интервју со Славче Таневски, дизајнер на Mercedes-Benz EQS SUV