Еден производител на електрични возила има шампионски раст на акциите, а не е ниту Шаоми ниту БИД

Шаоми и БИД може само да завидуваат. Акциите на овој производител на електрични возила пораснаа 130 проценти од јануари и дури 440 проценти од берзанскиот старт.

Наглиот раст на вредноста на акциите на Етер Енерџи е тоа што ги усреќува инвеститорите во индискиот производител на електрични скутери. Нивните акции растат повеќе отколку кај останатите електро-специјалисти.

Најголемиот раст на вредноста на акциите меѓу сите производители на електрични возила, не се случува ниту кај Шаоми или БИД, туку кај Етер Енерџи, име што досега малкумина го имаат слушнато. Но, тоа ќе се смени.

Акциите во индискиот производител на електрични скутери пораснаа близу 130 проценти од почетокот на годинава и со тоа ги престигнаа акциите во Тесла, БИД и Шаоми.

Во време кога индексот на Блумберг со 104 компании со електрични возила годинава загуби еден процент, Етер привлекува нов капитал. Глобални Фондови Блек Рок, во понеделничкото тргување купија еден процент од акциите.

Индиски производител на електрични скутери

Залетот е уште поубедлив, ако се земе вредноста од мај 2025 година, кога акциите првпат беа понудени на берзата. Акциите оттогаш се пораснати околу 440 проценти, што е најсилен берзански старт во изминатите пет години од сите индиски компании, што при првото тргување со акциите обезбедиле најмалку 300 милиони долари.

Сите 14 аналитичари што ги покрива Блумберг, препорачуваат да се купуваат акциите. Аксис Капитал цени дека вредноста на курсот ќе се искачи на 2.100 рупии, што значи раст од уште 22 проценти.

Акциите растат нагло, затоа што бизнисот очекува дека Етер ќе продолжи со освојување на индискиот пазар за електирчни мотоцикли и скутери, што бележи огромен раст.

Финансиски Услуги Емкај Глобал, очекуваат дека пазарниот удел на Етер до 2028 година ќе се искачи од сегашните 17 на 26 проценти. Со новиот електричен скутер Конарк, Етер ќе се префрли од пазарот на премиум скутери на масовниот пазар. Експертите веруваат дека со тој потег ќе се удвои пазарниот удел на Етер.

Се будат и големите инвеститори

Реагираат и големите инвеститори. Хиро Мото Корп кон завршетокот на август купија уште 3,01 проценти од акциите во Етер и го зајакнаа своето влијание во компанијата. Вредноста на акциите само во август порасна за преку 36 проценти. Тоа е најголем месечен раст од берзанскиот старт.

Растат очекувањата за следните месеци. Аналитичарите на Блумберг веруваат дека во следните три до четири години, акциите ќе пораснат двојно. Техничките аналитичари предупредуваат дека е можно акционерите да го искористат профитот продавајќи ги своите акции, но досега нема знаци за таква пресвртница.

Етер повеќе не е само индиска компанија со чијшто акции се тргува на берза, туку од годинава се вмешани и највлијателните имиња во светот на електрични возила, откако Блек Рок и Хиро Мото Корп ги зголемија своите удели.

Претходна објаваКои користени автомобили им се најизвозени на Германците?
Следна објаваФолксваген почнува со зафати што ќе го сменат концернот од корен

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here