за

Милијардерот Строл го обезбеди производството на Aston Martin DBX

Милијардерот Строл го обезбеди производството на Aston Martin DBX
Милијардерот Строл го обезбеди производството на Aston Martin DBX

Акционерите на Aston Martin ја одобрија мега-инвестицијата на милијардерот Лоренс Строл. Тој и неговиот конзорциум вложуваат повеќе од 600 милиони евра во британската марка. Благодарение на масивната инвестиција, Строл од следниот месец ќе настапува како извршен претседател на Aston Martin.

Канадскиот милијардер Лоренс Строл неодамна го привлече вниманието на автомобилската сцена со масивното вложување во Aston Martin. Сопственикот на Ф1-тимот Racing Point, откупи 16,7 проценти во акциите на Aston Martin, а подоцна вложи уште 300 милиони фунти и го зголеми уделот во акциите на 25 проценти. Строл севкупно вложи околу 600 милиони, со цел да ја преземе контролата над Aston Martin. Останатите акционери сега го одобрија капиталното вложување на Строл и продажбата на главнината од акциите на компанијата.

Шеесетгодишниот Строл на 20-ти април ќе ја преземе функцијата на извршен претседател на Aston Martin. Извршниот директор Енди Палмер ќе ја задржи позицијата, но Строл е тој што ќе има главниот збор.

Благодарение на спасоносната инвестиција, Британците сега ќе можат да го обезбедат производството на СУВ-моделот DBX. Покрај тоа, Ф1-тимот Racing Point од следната година ќе учествува како Aston Martin F1. Производството на престижниот СУВ-модел DBX е од особена важност за компанијата, затоа што ќе врати голем дел од инвестицијата.

Lamborhgini Urus, кој во основа спаѓа во истиот сегмент со Aston Martin DBX, донесе повеќе од двојно зголемување на продажбата на италијанската марка.

Aston Martin почна со изградба на висококатница во Мајами

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ferrari планира да ја скуси платата на Фетел

Ferrari планира да ја скуси платата на Фетел

Шефот на Volkswagen околу кризата: „Може да поминеме со модро око“