за

Арамко ќе купи 10% акции во бизнисот со мотори на Рено и Џили

Со трансакцијата на најголемата нафтена компанија во светот, вредноста на Хорс Пауертрејн се проценува на 7,4 милијарди евра.

Саудиски Арамко ќе купи 10 проценти од акциите во заедничката компанија на Рено и Џили, за развој и продажба на мотори со внатрешно согорување, позната како Хорс.

Сауди Арамко ќе купи околу 10 проценти во Хорс, заедничката компанија на француската групација Рено и кинескиот холдинг Џили, кажуваат лица што се упатени во случувањата во компаниите. Од најголемата нафтена компанија во светот претходно се очекуваше дека ќе преземе поголем удел во акциите во Хорс.

Со оваа трансакција, вредноста на Хорс Пауертрејн ќе биде проценета на околу 7,4 милијарди евра. Рено и Џили ќе задржат еднаков удел од по 45 проценти, посочуваат лица што не сакаат да биде им објавено името, пред да биде склучен договорот.

Конечната вест за склучувањето на зделката би можела да биде објавена до завршетокот на јуни, наведуваат упатени лица.

Трите компании лани ги објавија своите намери во заедничката компанија да произведуваат мотори со внатрешно согорување и хибридни погони. Сауди Арамко тогаш кажа дека планира да учествува со 20 проценти удел во новата компанија.

Државната компанија Сауди Арамко во почетокот на месецов продаде акции на Ријад во вредност од 11,2 милијарди долари, за да помогне во амбициозните планови на крунскиот принц Мохамед Бин Салман да ја закрепне економијата, преку вложување во спорт, вештачка интелигенција, туризам и во пустинскиот проект Неом.

Хорс ќе располага со 17 фабрики и 19.000 вработени, со капацитет да испорачува повеќе од 5 милиони мотори со внатрешно согорување, хибридни и приклучни хибридни системи на годишно ниво. Тоа е најголем капацитет за производство на мотори во светски рамки. Хорс неодамна ги потпиша првите договори за снабдување со мотори, надвор од алијансата Рено-Нисан и Џили.

Саудиската нафтена компанија во март 2023 потпиша писмо на намери, со цел да стане малцински акционер во заедничката компанија, којашто формално се основаше на 31-ви мај.

Видеото од тестот на Џили Кулреј во Аутомедиа

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Робот-таксито на Римац ќе вози во Германија и ОК, но откако прво ќе стартува во Хрватска

Благиот хибрид станува важна погонска опција во Пежо