за

Кинескиот електричен Aiways U5 стартува во Европа во април

AIWAYS U5 evropska izvedba
AIWAYS U5 evropska izvedba

Кинескиот производител Aiways ќе ја претстави европската изведба на својот СУВ-модел со погон на струја U5 на салонот во Женева. Еден месец по европската премиера ќе следи и почетокот на продажбата. Има новини и во начинот на поседување автомобил.

Компанијата Aiways најавува европска премиера на својот електричен СУВ-модел U5 на салонот во Женева (од 5-ти до 15-ти март). Станува збор за изведба на моделот што е приспособена за европскиот пазар и наскоро ќе стартува и со продажба. На штандот на кинескиот производител ќе се најде и концептниот автомобил U6ion, кој ќе ја има својата светска премиера на салонот покрај езерото Леман.

Со почетокот на продажбата на U5 во април годинава, Aiways ќе стане прва кинеска стартап-компанија што им нуди електрично возило на европските возачи. Деталите околу новиот бизнис модел ќе бидат објавени за време на конференцијата за медиуми во рамките на салонот. Од компанијата најавуваат единствен вид на поседување нов електричен автомобил.

Најавата може да се однесува за таканаречениот „претплатнички модел“, односно плаќање месечна рата за користење на возилото, во којашто е вклучено буквално сé, од редовно одржување на возилото, до промена на гуми. Сопственикот, кој всушност има само потпишано договор за користење во одредено времетраење, единствено ќе треба да плаќа за полнењето на батеријата.

Посетителите на салонот во Женева ќе имаат можност за десетминутно пробно возење на Aiways U5

Посетителите на салонот ќе имаат и можност да направат пробно возење на Aiways U5. Заинтересираните за 10-минутното пробно возење на полигон во рамките на Палекспо единствено ќе треба претходно да се пријават на штандот на Aiways.

Aiways направи голем подвиг лани, кога со две возила U5 појде на патешествие долго над 15.000 километри, од Кина до салонот во Франкфурт, кадешто го изложуваше електричниот СУВ и го најави стартот, што сега ќе биде и официјално потврден на салонот во Женева.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen со фонд од 25 мил. € за СО2-проекти на своите марки

Volkswagen со фонд од 25 мил. € за СО2-проекти на своите марки

General Motors Хамтрамк електрични возила

General Motors посветува цела фабрика за електрични возила