за

Фотограф и режисер единаесет денови „ловат“ сцени со G-Class во Финска

mercedes g-class, Финска

Следбениците на Mercedes на социјалните мрежи деновиве гледаат спектакуларни сцени. Двајца креативци возат низ фински национален парк, главниот мотив честопати е Mercedes G-Class

Теренски автомобил кој и самиот е приказна, двајца креативци и празен пат низ финската дивина. Mercedes, заедно со финскиот фотограф Конста Пунка и италијанскиот режисер Оливер Астролого, започна спектакуларна „Content Creation Tour“ во скандинавската природа. Пунка и Астролого единаесет денови ќе возат низ националниот парк Оуланка, на северот на Финска.

Цел на кампањата #explorewildtaiga е на љубителите на природата и на ентузијастите на G-Class да им се прикаже финската тајга, преку фотографии од едно несекојдневно теренско возење. Првите Vlogs се пуштени на 8-ми октомври, а месенџер-ботот стартуваше вчера, преку Facebook Messenger:

http://mb4.me/MBJourneys

Преку новиот месенџер-бот „MBJourneys“, следбениците на Мercedes можат во секој ден од онлајн-турата сами да решаваат како понатаму ќе се одвива приказната за нив, односно дали сакаат во одреден ден да стават повеќе нагласок на следење на возилото, на природата, на животните или на работењето на двајцата креативци. Според Натанаел Сиџанта од маркетингот во Штутгарт, „исто е како да патувате со најдобриот пријател во G-Class.“ Целата приказна ќе ја сочинуваат 85 индивидуални содржини во форма на слики или видеа,

Филмски сцени за турата може да се погледнат на каналот на Mercedes на YouTube:

Во единаесетте денови, Пунка и Астролого ќе извозат 2.600 километри, од Хелсинки до Поларниот круг – во вечните денови на арктичкото лето. Фотографиите на Пунка ги следат има над еден милион лица на инстаграм. Повеќе информации за неговата работа може да се најдат на www.konstapunkka.com. Оливер Астролого е еден од најбараните видеопродуценти за социјалните мрежи. Неговата интернет страница: www.oliverastrologo.com

Неколку од продуцираните филмови и содржини на G-Class Taiga Tour
Vlog 1:
Vlog 2:

Интервју со Пунка: „Брутална истрајност“

[FAG id=35504]

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АУТО БИЛД КЛАСИК класичари на годината 2018

Читатели на АУТО БИЛД КЛАСИК избираа олдтајмер на годината

казни за телефонирање во возење

Холандската полиција собрала 17 милиони евра од казни за телефонирање