за

Светската продажба на електрични автомобили порасна за две третини

електрични автомобили

Продажниот бум на електрични автомобили добива сé поголем замав. Во периодот меѓу јули и август се продадени за 63% повеќе електрични возила отколку во истиот период лани. Кина предничи во погонот на струја, во многу држави постојат масивни субвенции за поттикнување на продажбата.

Светот не само што зборува сé повеќе за електрични автомобили, туку и ги користи. Во третиот квартал од годинава, продажбата пораснала за 63% во споредба со истиот период лани. Електромобилите на батериски погон и плаг-ин хибридите се продале во близу 290.000 примероци. Светскиот пазар пораснал за една четвртина и во споредба со вториот квартал.

Најголем удел во растот има Кина. Повеќе од половината нови сопственици на електрични автомобили се од големата азиска земја, кадешто продажбата пораснала двојно. Заслугата за овој импресивен тренд лежи во најголем дел во масивните субвенции што државата ги издвојува за воведување чист возен парк и намалување на аерозагаденоста. Преку учеството на државата, крајната цена на електричните автомобили за корисниците може да биде и до 40% пониска отколку за возило со обичен погон.

Европа е втор најголем пазар за електрични автомобили во светот

Втор најголем пазар е Европа, којашто учествувала со една четвртина во светската продажба на електромобили во третиот квартал. Северна Америка е на третото место.

Покрај тоа што Кина презема строги мерки за контролирање на возниот парк, државата прави голема услуга и за домашното производство на електрични возила, коешто веќе ја издигнува земјата во глобален лидер во чистиот погон.

Глобалната продажба на електрични возила годинава за првпат ќе надмине еден милион примероци. Инвестирањето во полначи за струја, воведувањето повластици и попусти за корисниците на електрични возила и воведувањето нови генерации автомобили со подолг досег на струја го постигнуваат ефектот.

Повеќе држави во светот најавуваат целосна забрана за возила со дизел мотор или општо со мотор со внатрешно согорување веќе од крајот на следната декада.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

лондонските автобуси кафе

Кафе како погонско гориво за лондонските автобуси

Aston Martin Vantage

Aston Martin Vantage: Наследник на спортската династија