Од почетокот на следната година, производителите на автомобили мора прво да побараат дозвола од Пекинг, за извоз на своите електрични автомобили.
- Намерата на властите е да го запрат извозот со низок квалитет и да ги побијат обвинувањата дека продаваат по дампинг цени.
- Западните производители нема да бидат погодени од новите мерки, затоа што компании како БМВ, веќе мораат да поднесуваат барање за издавање дозвола за извоз.
- Кинескиот извоз на електрични и хибридни автомобили порасна 87 проценти во првите осум месеци од годинава.
Производителите на електрични автомобили во Кина прво ќе мораат да добијат одобрение од Пекинг, за да можат да ги извезуваат своите автомобили. Тоа е најновиот во низата чекори на Кина, со цел да се зајакне контролата врз индустријата што е во огромен подем, и со цел земјата да се ослободи од обвинувањета дека го преплавува светот со евтини автомобили, кажуваат аналитичари.
Од почетокот на следната година, производителите на автомобили ќе мора да поднесат барање за извоз на своите електрични автомобили. Такви закони веќе постојат за извоз на автомобили со бензински и хибриден погон. Намерата е да се ограничи извозот на производи со низок квалитет, да се спречи дампингот и компаниите да се наведат да конкурираат меѓусебно со технологија, место со цени. Тоа го кажува Сиу Донгшу, генерален сектерар на кинеското здружение на производители на автомобили.
Острата конкуренција ги смалува приходите
Новите правила ја отсликуваат строгата контрола на кинескиот автомобилски пазар, откако Пекинг почна да се залага за подиректна контрола врз тоа што го смета како „здрав развој“ на индустријата. Намерата на властите е да се поттикне „инволуција“ – тоа е поим со којшто се опишува ситуацијата кога острата конкуренција, којашто предизвикува пад на приходите, во широк спектар на сектори.
Властите досега успеаја да ја потсопрат долготрајната војна со дампинг цени што се одвива на домашниот пазар. Тоа доведе до уништување на бројни компании и ги услови домашните производители побрзо да им плаќаат на своите добавувачи.
Новите закони за извоз имаат за цел да се воведе построга контрола врз веригата од добавувачи и во исто време се одговор на зголемениот извоз, којшто доведе до затекнати трговски односи со ЕУ, САД и Канада.
„Доколку компаниите и натаму се прошируваат агресивно и еден ден наидат на потешкотии во извозот, тоа ќе ги присили да бидат уште поагресивни на домашниот пазар“
„Верувам дека причина за тоа се трговските односи, посебно со Европа, за во иднина да се спречат обвинувањата за анти-дампинг. Тоа ќе предизвика и компаниите да бидат попретпазливи при проширувањето на капацитетот,“ вели Син-Јао Нг, менаџер во Абердин Инвестментс. „Доколку тоа резултира со попретпазливо проширување на капацитетот, тоа ќе биде добро и за домашниот пазар. Доколку компаниите и натаму се прошируваат агресивно и еден ден наидат на потешкотии во извозот, тоа ќе ги присили да бидат уште поагресивни на домашниот пазар.“
Со овој чекор може да се запре и практиката со користени автомобили со „нула километри“. Производителите на автомобили им продаваат возила на дилери или препродавачи, што фактички новите автомобили ги продаваат по значително пониска цена. На тој начин, производителите вештачки ја качуваат продажбата и ги исполнуваат поставените цели. Исто се случуваат и измами со документацијата, за да се добијат субвенции од властите, коишто инаку се замислени со цел да ја поттикнат продажбата.
Аналитичарите сепак се сомневаат дека големите играчи со ЕВ, од ковот на Би Уај Ди, воопшто ќе наидат на потешкотии во добивањето дозволи, и дека владата нема да дозволи слабеење на извозот, во време кога е забавена кинеската економија.
















