за

ЕУ бара вградување мерачи за потрошувачка во сите возила

Брисел сака да стави крај на лажните вредности за штетните емисии од производителите на автомобили. Мерачи за потрошувачка на гориво може да станат задолжителни во сите автомобили веќе од следната деценија.

Комисијата на ЕУ планира да ја стави автомобилската индустрија под уште построга контрола. Потрошувачката на гориво на патничките автомобили и лесните доставни возила, во иднина ќе се контролира директно. Брисел бара задолжително вградување уреди за мерење на потрошувачата во овие возила од 2020 година.

Во ЕУ веќе подолго време се дискутира околу воведувањето мерачи за потрошувачка на гориво. Неколку држави членки изразиле позитивен став. Проблемот е во тоа што постои огромен јаз меѓу вредностите за потрошувачката на гориво што ги наведуваат производителите и реалните вредности. Според официјални статистики, новите возила во просек трошат 42% повеќе гориво од фабричката декларација. Јазот расте прогресивно, затоа што до пред три години, разликата изнесувала 25 проценти.

Автомобилските производители практично немаат постигнато напредок во смалувањето на потрошувачката на гориво веќе со години. Вградувањето мерачи за потрошувачка е само една од низата мери за автоиндустријата да се спречи во мамењето

Од новиот циклус за мерење на потрошувачката WLTP исто така се очекува да донесе подобрувања. Циклусот е на сила од септември годинава и би требало да прикажува пореални вредности за потрошувачката на гориво. Но, ниту новиот циклус не носи конечно решение, затоа што тој само ја преполовува разликата.

Преку вградувањето мерачи за потрошувачка на гориво, Комисијата на ЕУ ќе има точен увид во отстапувањето меѓу декларираните и вистинските вредности. Уредите ќе се вградуваат во сите нови модели што ќе се хомологираат по 1-ви јануари 2020 година, односно во сите постоечки модели една година подоцна. Дополнително ќе се добие увид и во емисијата на јаглерод диоксид. Овие вредности се директно поврзани.

Нови гранични вредности и нов циклус што ги окрива реалните вредности ги ставаат производителите под голем предизвик

На производителите на автомобили ќе им станува сé потешко да ги изигруваат нормите за заштита на животната средина. Во почетокот на месецов, ЕУ постави нови гранични вредности за емисијата на СО2. Секој производител мора да ја смали емисијата на СО2 на својот возен парк за 15 проценти до 2025 година, односно за 30 проценти до 2030 година. Како референтна вредност важат 95 грами јаглероден диоксид на километар.

Дополнителен проблем е наглото зголемување на декларираната потрошувачка на гориво откако стапи во сила новиот мерен циклус WLTP. Моделите што до септември трошеле пет литри гориво според фабричките декларации, сега прикажуваат за 20 проценти повисока потрошувачка, односно шест литри. Со тоа расте и емисијата на СО2.

Предлогот на Комисијата ќе се најде на гласање следната пролет, а стапувањето во сила би следело до крајот на годината. Вградувањето мерачи за потрошувачка на гориво ќе ги чини производителите едно евро по автомобил. Претходно, калифорниските власти пропишаа вградување мерачи за потрошувачка на гориво во возилата од почетокот на 2019 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

штетни честички сопирачки дискови

И сопирачките на возилата ослободуваат штетни честички

синтетски горива

Синтетски горива за спас на моторот со внатрешно согорување