за

Швајцарската армија ќе вози Mercedes G-класа

По 20 години Швајцарците ќе ги заменат теренските возила на Puch со концепциски идентичниот, но значително усовршен Mercedes G 300 CDI. Армијата се подновува со преку 4.000 возила.

Решавачки за изборот на теренското возило на Mercedes беа робусната техника, намалениот број на компоненти на возилото и едноставноста за користење. Армијата претходно ги тестираше возилата на тешко пристапен терен, односно таму каде што е особено важно на територијата на земјата, на планински терени и при екстремно ниска температура.

mercedes g2

Шестцилиндарскиот дизел OM 642 постигнува моќност од 184 КС при 3.800 вртежи и најголем вртежен момент од 400 Nm при 1.600 вртежи во минута. Со оваа моќност возилото може да постигне 160 километри на час на асфалт. За преносот на сила се користи пестстепен автоматик. Со гуми со димензија 265/70 R 16, воената изведба на класата G на Mercedes може да понира во вода длабока до 60 сантиметри. Аголот на наведнување изнесува 64 проценти, а максималната нагорнина што ја совладува возилото изнесува 100 проценти, односно 45 проценти. Исклучително големото искосување на оските од 260 милиметри се грижи за тоа тркалата да имаат доволна тракција и на екстремен терен.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Рекордно производство на Kia во Словачка

Seat Leon го победи BMW на споредбениот тест на Auto Bild