за

Seat Leon го победи BMW на споредбениот тест на Auto Bild

Култниот магазин Auto Bild го опишува резултатот од споредбениот тест меѓу BMW 118d, Opel Astra GTC и Leon SC FR како сензација.

Досегашните владетели во сегментот на спортските компакти останаа немоќни во споредбениот тест на Auto Bild. Победник не е ниту моќниот и докажан BMW, ниту поевтиниот Opel, туку компактот од шпанската марка на Volkswagen. Победата е убедлива и според бодовите. Seat освои 501 бод, BMW го заврши тестот со 487 бодови, а Opel остана на 454 бодови.

За тие што досега имаа можност да ја пробаат скусената верзија на Leon со три врати, воопшто не претставува изненадување тоа што го постигнаа дизајнерите и техничарите на Seat со возилото на база на актуелниот Golf. До таков заклучок дојдоа и авторите на Auto Bild, кои оценија: „Leon убедува со погонот, потрошувачката, просторното чувство, изборот на материјали и квалитетот на изработката. Тој победува првенствено со класичната доблест на VW Golf – тој не си дозволува да покаже слабости.“

Затоа, пак, авторите на магазинот најдоа славости кај серијата 1 на BMW, критикувајќи ги брмчењето на моторот, изразените вибрации при работа во место и високата цена. На серијата 1 не и помага тоа што ги декласира конкурентите во поглед на поврзувањето на интернет и со мобилните уреди, како и тоа што е во мала предност во комфорот и возната динамика.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Швајцарската армија ќе вози Mercedes G-класа

Hyundai со погон на водород ќе вози низ Лондон