Специјална верзија на Renault Megane Coupe за крајот на летото

2. RENAULT MEGANE, продадени примероци 6,936 (-8.4%)

Француската марка во последно време не знае за доволно кога станува збор за специјални серии од популарниот Megane. Сепак тоа е најбрзиот компакт на Нирбургринг. Поводот овојпат е друг.

Renault ја претстави серијата Ultimate од својот Megane Coupe, која не само што ќе биде достапна во ограничен број на примероци, туку ќе биде ограничена и само на францускиот пазар. Megane Coupe Ultimate го користи како основа нивото на опрема Intens и дополнително вклучува уникатни бандажи од 18 инчи, стаклен покрив и посебен дизајн на браниците во стилот на моделите GT. Мултимедискиот систем R-Link со пристап на интернет и кожените седишта со грејачи се само дел од ексклузивната опрема којашто ќе ги пречекува идните сопственици во кокпитот. За серијата Ultimate се резервирани само два мотора, бензинскиот Energy TCe 130 и дизелскиот Energy dCi 130. Цената на првиот модел на францускиот пазар е 25.700 евра, додека дизелот чини 29.050 евра. Renault ќе ги прима нарачките за серијата Ultimate преку француската дилерска мрежа до идниот март.

Претходна објаваLand Rover ќе ги испрати најсреќните во вселената
Следна објаваСопствениците на BMW можат да сварат кафе додека возат

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here