за

Land Rover ќе ги испрати најсреќните во вселената

Четворица авантуристи ќе имаат ексклузивна можност да ја видат својата среќна ѕвезда одблизу. Land Rover и Virgin Galactic ќе ги испратат во вселената, како награда за најдобро видео на тема авантура.

Четворица авантуристи ќе добијат единствена можност во животот да патуваат во вселената во рамките на натпреварот Galactic Discovery на британскиот специјалист за авантури на четири тркала Land Rover. Наградниот конкурс за лет во вселената од Virgin Galactic почнува од денес со официјалното пуштање во јавност на филмот посветен на најголемите авантуристи во светот, вклучувајќи ги Сер Ричард Брансон, Бер Грилс и Сер Ралф Финес. За прв пат се организира натпревар од ваков тип во којшпто главната премија е лет во вселената. Победниците ќе се најдат во кругот на првите патници што ќе имаат можност да ја погледнат земјата од вселената и да го почувствуваат отсуството на гравитација.

Оваа исклучителна можност ја нудат Land Rover и Virgin Galactic во знак на премиерата на новиот Discovery Sport, прв во идното семејство модели Discovery. Компактниот кросовер беше презентиран преку филм снимен во Spaceport America, во Њу Мексико, како база за суборбиталните вселенски летови на Virgin Galactic. Филмот е дел од најголемата дигитално реализирана кампања на Land Rover, во која што публиката на интернет прва го виде новиот Discovery Sport. Во следните четири месеци, марката ќе ја искористи полната моќ на социјалните медиуми и на дигиталниот маркетинг во 40 земји во рамките на лансирањето на новиот Discovery Sport и во потрагата по најавантуристичките души. Кампањата ќе заврши со прогласувањето на четворицата победници во декември 2014.

За учество во натпреварот е потребно да се сними видео во времетраење од 30 секунди или фотографија во којашто се прикажува духот на авантурата, како и да се изберат три пријатели за заедничко патување во вселената. Апликацијата е преку интернет страницата на Land Rover (http://www.landrover.com/gotospace). Се очекуваат десетици илјади пријави од преку 40 држави од целиот свет.

Филмот за Galactic Discovery

http://youtu.be/5TAT6126JD4

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Land Rover Discovery Sport: Специјалистот за теренци го претстави новиот … кросовер

Специјална верзија на Renault Megane Coupe за крајот на летото