Нов рекорд на Рајнер Цитлов: Од Норвешка до Јужна Африка за 22 дена

„Тим Цитлов“ го мина патот од крајниот север на Европа до најјужната точка на африканскиот континент за 22 дена

Рекордерот во маратонски возења Рајнер Цитлов постави ново најдобро време на рутата од најсеверната точка на Европа до крајниот југ на Африка – и покрај двонеделното чекање во сервис.

Германецот Рајнер Цитлов првично имаше намера да ја тестира издржливоста на неговиот Volkswagen Touareg кога на 21-ви септември појде на нов маратонски подвиг од Нордкап во Норвешка до најјужната точка на Африка. Поради судирот во Танзанија, Цитлов и неговиот тим сепак мораа две недели да одмораат непланирано, чекајќи да заврши поправката на возилото. На крајот, тимот сепак успеа да пристигне во Кап Агуљас во рекордно време.

Авантуристот којшто со неговиот Volkswagen Touareg има поставено светски рекорди на „Панамерикана“ и на источната оска од австралискиот Мелбурн до рускиот Санкт Петерсбург, од синоќа е носител и на новиот рекорд од најсеверната точка на Европа до крајниот југ на африканскиот континент. Со време од 21 ден, 16 часови и 36 минути, Цитлов го собори претходниот рекорд од 28 денови што беше поставен уште во1984 година. Ако се одземе времето што возилото мораше да го мине во сервис заради поправка, рекордот ќе изнесуваше 8 денови, 10 часови и 26 минути.

Цитлов и неговиот возачки тим составен од Мариус Биела и Матијас Прилвиц возеше според планот, кога во шестиот ден во него удри возило на пат во Танзанија. „Никој не беше повреден, но кога го погледнав автомобилот помислив дека ќе мораме да се откажеме“, раскажува Цитлов. „Во сервисот сепак се покажа дека моторот и менувачот се неоштетени.“ По поправката со оригинални делови на Volkswagen, Touareg продолжи од местото на судирот во Инринга до крајната цел, Кап Агуљас.

Претходна објаваЈубилеј на Audi во Брисел: Половина милион примероци од А1
Следна објаваЕксклузивна воведна серија во 2.000 примероци на Fiat 500X

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here