Најпроизведуваниот автомобил во Франција е … Јапонец!

Toyota Yaris веќе трета година по ред е најпроизведуван автомобил во Франција

Француската автомобилска индустрија полека се сели надвор од земјата. Автомобилот со најголема продукција во Франција веќе одамна доаѓа од една јапонска марка.

Силната конкурентска битка на европскиот пазар на автомобили сé повеќе ги наведува производителите од традиционалните земји производители да се преселуваат во регионите со евтина работна сила. Први во тој поглед се италијанските и француските производители. Додека тие ги напуштаат матичните држави, на нивното место доаѓа Toyota.

Најпроизведуван автомобил во Франција веќе трета година по ред е Toyota Yaris. До крајот на 2014 година, за Европа и за САД ќе се произведат 225.000 примероци од малечкиот автомобил. Со по 200.000 примероци, Yaris беше најпроизведуван автомобил во „Големата Нација“ и во претходните две години.

Постојат повеќе причини за тоа. Од една страна, Yaris се продава одлично на европскиот пазар, а од неодамна во фабриката во Франција се произведува и хибридната верзија на моделот, којашто е наменета за американскиот пзар. Од друга страна, домашните производители интензивно ја преселуваат нивната продукција во Источна и во Јужна Европа. Peugeot на пример го произведува популарниот модел 208 и во Словачка. Во минатата година, тој беше втор најпроизведуван модел во Франција, секако зад Yaris. Слично е со вториот бестселер на францускиот пазар, Renault Clio.

Според актуелните статистики, на листата на најпроизведувани возила по Toyota Yaris следат Peugeot 2008 и компактниот Peugeot 308. На четвртото место е Citroen C3, но и тој во иднина ќе се пресели во Источна Европа. Петтото место му пропаѓа на Renault Scenic, како класичен француски автомобил.

Претходна објаваAston Martin DB10 е новиот автомобил на Џејмс Бонд
Следна објаваШефот на Tesla го критикува водородниот погон на Toyota

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here