за ,

Најголемиот Mercedes троши помалку од Smart

Третиот модел со хибриден погон во гамата на класата S е воедно и најдобриот – луксузна лимузина со потрошувачка од 3 литри беше незамислив поим до пред неколку години.

Моделот S 500 Plug-In Hybrid поставува нови мерила во класата во поглед на штедливоста, погонот и климатизацијата. Електромоторот со моќност од 109 КС и литиум јонски батерии што се полнат од надворешен извор овозможува до 30 километри возење на струја, без ниту грам штетни гасови и со ниските трошоци за полнење на батериите. Главното срце на лимузината е трилитарски турбо V6 со зафатнина од три литри. Продажбата на моделот стартува в година. Нашиот пазар меѓу другото ги ослободува овие возила од обврската за плаќање акциза, што може да ја намали цената на возилото и за повеќе од 7.000 евра.

13C756_01

Во гамата на новата класа S се нудат три модели со хибриден погон: S 400 Hybrid, S 300 BlueTec Hybrid и последниот S 500 Plug-In Hybrid. Заедничко за сите модели од втората генерација хибриди е тоа што моторот може целосно да се одвои од електромоторот. Други обележја се повратокот на енергијата при сопирање и интелигентното управување со работата на погонот.

За разлика од хибридните S 400 и S 300, чии што батерии се полнат при сопирање, возење по инерција или преку моторот со внатрешно согорување, S 500 поседува литиум јонски батерии со десетпати поголем енергетски капацитет кои што може да се наполнат преку обичен приклучок за струја во гаражата. Возачот може да избере четири работни програми на хибридот: Чист хибриден погон, возење на струја, возење без користење на батериите – за подоцна по избор на возачот да се вози подолго само на струја, и возење за полнење на батериите.

13C756_05

Трилитарскиот мотор ослободува моќност од 333 КС и во комбинирана работа со електромоторот може да ја забрза големата лимузина за 5,5 секунди до темпо сто. Според тоа, хибридниот погон не условува ограничување на динамиката на возење што се очекува во највисоката автомобилска класа, ниту пак намалување на комфорот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Подобар Ferrari и од Ferrari

Фејслифт на Audi A8: Овој Audi гледа со матрични очи