за

Климатолозите бараат поголема поддршка за „зеленото“ стопанство

Климатолозите бараат поголема поддршка за „зеленото“ стопанство
Климатолозите бараат поголема поддршка за „зеленото“ стопанство

Ограничувањата во јавниот живот доведоа до драстично намалување на емисијата на штетни материи во голем број држави ширум светот. Климатолозите стравуваат дека загаденоста повторно ќе се зголеми повторно по надминувањето на кризата.

Климатолозите ценат дека во програмите за поддршка на стопанството, по пандемијата од корона-вирусот, треба да се става повеќе нагласок на производството и делувањето што е во корист на заштитата на животната средина, односно на компаниите што работат еколошки и на проектите во насока на одржливоста.

Драстичните мерки за спречување на ширењето на вирусот, поради коишто цели индустриски гранки се најдоа во мирување, во исто време доведоа и до значително намалување на емисијата на штетни материи. Тоа се наведува во извештајот од Светската Здравствена Организција (СЗО) по повод 50-от Ден на планетата Земја.

СЗО сепак смета дека мора да се продолжи со вложување напор за намалување на климатските промени. „По претходните економски кризи честопати следеа фази на закрепнување, во коишто загаденоста беше поголема отколку пред кризата“, соопштија денес од Организацијата со седиште во Женева. Тоа мора да се спречи. Денот на Земјата (22-ри април) е светски ден за акција во насока на поголема заштита на животната средина и поголема одржливост.

Климатските промени се забрзуваат

Организацијата на ОН го објави својот извештај за глобалната клима 2015-2019. Таа уште во септември го објави нацрт-извештајот. Според него, периодот меѓу 2015 и 2019 година е најтопла петгодишна фаза од почетокот на индустриската ера во 18-от век. Покрај температурите се зголемуваат и концентрацијата на јаглероден диоксид (CO2) во атмосферата, температурата и киселоста на морињата, како и топењето на глечерите и растот на нивото на морињата. Според климатските модели, во следната петгодишна фаза треба да се очекуваат нови рекордни вредности.

Просечната температура во глобални рамки, според податоците на СЗО била за 1,1 степен Целсиузов повисока во периодот 2015-2019, во споредба со почетокот на индустриската ера и за 0,2 степен повисока отколку во претходната петолетка. Од почетокот на 1980-те години, секоја нова деценија била потопла од претходната.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia e-Niro Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил

Сеул дава по 13.500 евра за такси-компаниите да купат електромобил

Volkswagen им издаде стандарди за заштита на 40.000 добавувачи

Volkswagen им издаде стандарди за заштита на 40.000 добавувачи