Кина останува водечки пазар за електрични автомобили

електрични автомобили продажба

Кина го зголемува своето водство како најголем светски пазар за електрични автомобили. Но, интересот за чистиот погон расте и во други држави низ светот. До вистинскиот пробив на електричните автомобили сепак има уште многу време.

Кина ја задржува водечката позиција како најголем пазар за електрични автомобили во светот. Во првото полугодие, во земјата се продадени 195.000 автомобили со електрифицирана погонска спрега. Од нив, 160 илјади се чисто електрични возила, остатокот се плагин-хибриди. Во споредба со истиот период лани, пазарот во Кина забележал раст од 14 проценти.

Пазарните аналитичари ценат дека земјата ќе го задржи лидерството и во следните години, особено откако есенва се очекува воведување на системот на квоти за електрични возила. Со новиот систем, производителите се обврзуваат одреден процент од продажбата на возила во земјата да го постигнуваат со електрични автомобили.

За една третина зголемена продажбата на електрични автомобили во САД

Втор најголем пазар се САД со 87.000 новорегистрирани возила на струја во првите шест месеци. Пазарот пораснал за 36 проценти во споредба со лани. Возилата со погон на батерии и плагин-хибридните возила имаат рамноправно учество во продажбата на овој пазар.

Јужна Кореја е светски шампион во субвенционирање на електричните автомобили

Јапонија со 27.500 возила е трет најголем пазар за електрични автомобили годинава, следат Норвешка со 27.200 и Германија со 22.500 возила. Според експертските предвидувања, глобалниот пазар во следните неколку години ќе бележи умерен раст. Поголема динамика во продажбата се очекува по 2020 година, кога следи голема моделска офанзива од производителите на возила.

Претходна објаваLotus постигна фантастична продажба – и конечно профит
Следна објаваAuto Bild ги открива најголемите пијаници меѓу автомобилите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here