Магазинот Auto Bild ги открива триесетте автомобили што покажале највисока потрошувачка на гориво на тестовите во последните три години. Вредностите во некои случаи се далеку над потрошувачката што ја наведуваат производителите.
Овие триесет модели се тешки пијаници меѓу автомобилите. Бунар без дно. Ненаситници и грешници. Како и да се опишат, јасно е. За овие автомобили е потребно длабоко да се посегне в џеб, за нивната жед да се задоволи. Германскиот магазин AUTO BILD открива уште едно вредно искуство од своите темелни тестирања. Триесетте автомобили се покажаа и докажаа како најголеми потрошувачи на гориво на тестовите на AUTO BILD од јануари 2015 година наваму.
„Од овие автомобили ќе им падне косата на возачите што минуваат големи километражи“
Конструкторите обично се грижат денешните автомобили да бидат умерени со трошењето на горивото во резервоарот. Но, моторите со голема работна зафатнина, висока моќност, турбонатполнење, честопати во комбинација со погон на сите тркала, ги претвораат тешките автомобили во големи пијаници. Или како што магазинот заклучува: „Од овие автомобили ќе им падне косата на возачите што минуваат големи километражи.“

AUTO BILD укажува и на големата разлика меѓу потрошувачката што ја наведуваат производителите и потрошувачката во реални услови на возење. Во некои случаи, отстапувањето е непростливо. Според фабрика, Ford Mustang со петлитарски V8 и 421 КС троши 8,3 литри бензин на сто километри. На тестот на магазинот, спортското купе од другата страна на океанот трошење 12,3 литри на секои сто километри. Тоа е за половина над декларираното. Ист е случајот со Mercedes-AMG C 63 S, на когошто му беше измерена потрошувачка од 12,6 литри, место фабричките 8,2 литри.
Два децилитри на километар за најголемиот трошаџија
Во некои случаи треба да им се признае трудот на техничарите и напредокот на техниката. Луксузниот крстосувач Bentley Mulsanne троши близу 17 литри гориво на сто километри, но неговиот седумлитарски турбо V8 со преку 500 КС сепак влече возило од повеќе од 2,5 тони. Мало изненадување. Bentley не е најголемиот трошаџија на тестовите на германскиот магазин.
Како AUTO BILD ја мери потрошувачката на гориво
За одредување на потрошувачката на гориво, секое возило на тест се вози по рута долга 155 километри. Рутата се состои од 61 километри возење по споредни патишта, 40 километри низ град и 54 километри по автопат. Се вози брзо, со нормален број на вртежи, со почитување на брзинските ограничувања. Од делот од рутата што се вози по автопат, 20 километри отпаѓаат на делница без ограничување на брзината. Тука се вози под полна гас.
За потрошувачката на гориво да се измери со точност до децилитар, резервоарот на возилото се полни до врв пред и по тест-возењето. Од количината гориво што ќе се наточи при второто полнење се одредува потрошувачката. Постапката се повторува повеќепати, потоа се одредува просекот.
Триесетте најненаситни автомобили на тестовите на AUTO BILD
Список на модели со највисока потрошувачка на гориво измерена на нормираниот тест на магазинот на AUTO BILD во период од јануари 2015 година наваму. Рангирањето е според растечки редослед, од модели со пониска, кон модели со повисока потрошувачка.
|
Марка и модел |
Моќност [КС] |
Тежина [kg] |
Вид на гориво |
Потрошувачка според норма L/100 km |
Потрошувачка на тест L/100 km |
|
BMW 650i Cabrio |
449 |
2090 kg |
Super plus |
8,9 |
12,0 |
|
Porsche 911 Turbo S |
580 |
1675 |
Super plus |
9,1 |
12,0 |
|
Ford Mustang 5.0 Ti-VCT V8 Aut. GT |
421 |
1739 |
Super |
12,0 |
12,3 |
|
Porsche 911 Carrera GTS PDK |
450 |
1520 |
Super Plus |
12,0 |
12,3 |
|
Porsche Cayman GT4 |
385 |
1373 |
Super plus |
10,3 |
12,4 |
|
Audi S8 plus |
605 |
2048 |
Super Plus |
10,0 |
12,4 |
|
Mercedes-AMG C 63 S Speedshift 7G-MCT |
510 |
1752 |
Super |
8,2 |
12,6 |
|
Porsche 911 Turbo |
520 |
1618 |
Super plus |
9,7 |
12,6 |
|
Hyundai Genesis Sportlimousine 3.8 V6 GDI |
315 |
2128 |
Super |
11,9 |
12,8 |
|
BMW M4 Coupé DKG |
431 |
1610 |
Super Plus |
8,3 |
12,9 |
|
Chevrolet Corvette Stingray 2LT 6.2 V8 |
466 |
1571 |
Super |
12,2 |
12,9 |
|
Bentley Flying Spur |
528 |
2460 |
Super Plus |
10,9 |
13,0 |
|
BMW X6 M |
575 |
2305 |
Super plus |
11,1 |
13,1 |
|
Audi RS6 Avant performance |
605 |
2029 |
Super plus |
9,6 |
13,4 |
|
Maserati Ghibli Automatik S Q4 |
410 |
2098 |
Super plus |
10,5 |
13,5 |
|
Nissan GT-R Track Edition |
570 |
1765 |
Super plus |
11,8 |
13,5 |
|
Porsche Cayenne Turbo Tiptronic S |
520 |
2270 |
Super plus |
11,5 |
13,7 |
|
Audi R8 V10 plus 5.2 FSI quattro S tronic |
610 |
1657 |
Super plus |
12,3 |
13,7 |
|
Nissan GT-R |
550 |
1748 |
Super plus |
11,8 |
14,2 |
|
Mercedes-AMG GT S V8 |
510 |
1669 |
Super plus |
9,4 |
14,5 |
|
Porsche 911 GT3 RS |
500 |
1468 |
Super plus |
12,7 |
14,6 |
|
BMW X5 M |
575 |
2310 |
Super plus |
11,1 |
15,0 |
|
Porsche Cayenne Turbo S Tiptronic S |
570 |
2240 |
Super plus |
11,5 |
15,5 |
|
Dodge Challenger SRT 392 |
477 |
1966 |
Super |
12,7 |
15,5 |
|
Dodge Charger SRT Hellcat |
717 |
2088 |
Super plus |
– |
15,7 |
|
Dodge Ram 1500 Crew Cab Rebel |
401 |
2688 |
Super |
12,8 |
15,8 |
|
Mercedes-Benz GLS 500 4Matic 9G-Tronic AMG Line |
455 |
2560 |
Super |
10,9 |
15,8 |
|
Bentley Bentayga W12 |
608 |
2473 |
Super |
13,1 |
15,9 |
|
Bentley Mulsanne Speed |
537 |
ca. 2700 |
Super plus |
14,6 |
16,8 |
|
Dodge Ram 1500 LPG Laramie |
401 |
ca. 2700 |
Super / LPG |
– |
19,8 |
















