за

Кампер од Британија: Моето комбе е мојот дом

Британците отсекогаш биле полни со идеи кога се работи за подвижни домови. Dansbury Doubledeck е базиран на Volkswagen T5 и има „соба“ што се извлекува од возилото.

Фирмите што вршат преработки на комбиња во возила за кампување го обожуваат Volkswagen T5. Тој е компактен и лесно се пробива во тесните улички на малите приморски градови кои се негово најчесто одредиште. Затоа, пак, неговите компактни димензии оневозможуваат во кабината да се смести најнеопходното за преноќување, односно најмалку два кревета, кујна и тоалет. Единственото решение е продолжување на кабината.

Откако Doublepack ќе се паркира, од задниот дел се извлекува продолжението на кабината со помош на електромотори. Овој продолжеток е долг два метра, тежи околу 150 килограми и целосно се извлекува за 45 секунди. Потоа може да се оптовари со најмногу 400 килограми.

За зголемување на просторот во предниот дел од возилото може да се подигне покривот и низ него да се движи исправено. Во зависност од желбите на купувачот, овој дел може да се опреми со кујна и со санитарен јазол. Проблемот е тоа што секое задоволство е скапо. Doubleback чини најмалку 65.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возачи почетници во Африка се учат на Монополи

Случајно или намерно: Први слики од новата класа C на Mercedes