Роботи ги произведуваат регистерските таблици на Италијанците

роботи за регистерските таблици во Италија

Италија е прва земја во светот што регистерските таблици на автомобилите ќе ги произведува во целосно автоматизирана постапка.

Од крајот на 2018 година, роботи ќе ги произведуваат регистерските таблици за возилата во Италија. Од новата фабрика во близина на Торино, секоја година ќе излегуваат околу шест милиони таблици. Станува збор за високотехнолошки процес, односно за таканаречена Индустрија 4.0. Сите работни процеси се поврзани автоматски во сложен производствен синџир.

Во фабриката нема работници, туку има машини, логистика и софтвер, коишто работат во совршена усогласеност. Роботите се од германската фирма Tönnjes E.A.S.T., една од водечките адреси во оваа бранша. Технолошкото достигнување се состои во тоа што сите машини за првпат се поврзани дигитално.

Роботите се ангажирани и во спојувањето на регистерските таблици во пар и во пакувањето

Производството се состои од три фази. Во првата се сечат таблиците, по што роботите ги втиснуваат ознаките. Потоа, други роботи ги соединуваат таблиците во пар и ги заваруваат. На крај, роботи ги пакуваат готовите таблици. Интегрирана контрола на квалитетот автоматски ги исфрлува деловите со грешка.

Изгледот на италијанските таблици не се менува. Секоја таблица добива посебен број за идентификација. Врз основа на овие броеви, службите ќе можат точно да утврдат кога е произведена таблицата, како заштита од фалсификување.

Претходна објаваHonda ќе ги полни батериите за 15 минути
Следна објаваМилијардерка казнета со 25.000 евра за возење под алкохол

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here