за

Римскиот Колосеум доживеа и електрична формула

електрична формула, Формула Е, Рим

Што сé нема видено Римскиот Колосеум во своите дваесет векови. Сега и електрична формула. Во април в година, за првпат во Рим ќе се вози трка од Формула Е.

Тимовите во тркачката серија со електрична формула го посетија Вечниот град, со цел да ја најават трката што ќе се вози на 14-ти април. Тркачките формули со електричен погон прават огромен историски контраст со спектакуларните градби и сцени во Рим.

По трките во Азија, Африка, Јужна и Северна Америка, наелектризираната тркачка серија во април 2018 ќе го има првото возење на европска почва во новата сезона токму во Рим. Потоа, Формула Е продолжува во Париз, Берлин, Цирих, па назад во Северна Америка.

Возењето во Вечниот град ја симболизира суштината на тркачката серија со електрична формула

Патеката за трката во април минува низ квартот ЕУР (скратено од „Esposizione Universale di Roma“, односно светска изложба на Рим), покрај прочуениот „Квадратен Колосеум“ и футуристичкиот конгресен центар Ла Нувола. Огромните архитектонски спротивности го симболизираат патувањето од минатото во иднината, односно ја прикажуваат суштината на Формула Е.

Со остри лакти, тесни шикани и комбинација од бавни и брзи делници, патеката најавува возбудлива трка. Првите две трки во новата сезона ќе се возат на 2-ри и 3-ти декември во Хонг Конг.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

станици за водород

Станиците за водород поевтини од полначите за струја?

Mercedes Vito, Лондон, такси

Комбето на Mercedes стана новото лондонско такси