за

Комбето на Mercedes стана новото лондонско такси

Mercedes Vito, Лондон, такси

Прочуените црни такси возила не само што претставуваат заштитен знак на Лондон, туку спаѓаат и во нашата претстава за Велика Британија воопшто. Актуелниот TX4 на компанијата London Taxi сепак мора да му ја препушти доминацијата на едно возило од странски производител. Mercedes Vito се продава во поголем број примероци отколку легендарниот оригинал со претпознатлив изглед.

Според официјалната статистика за Лондон, во првите девет месеци од годинава се издадени 625 лиценци за Vito како такси возило, наспроти 474 лиценци за LTC TX4. Со удел од 55 проценти, комбето на Mercedes е пазарен лидер во англиската престолнина.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

електрична формула, Формула Е, Рим

Римскиот Колосеум доживеа и електрична формула

Mercedes-AMG G 65 Final Edition, G-Class

Последниот G-Class со дванаесетцилиндарец се поздравува со стил