Австриска марка продава електричен скутер за 2000 евра

електричен скутер ksr moto vionis

Австриската марка KSR Vionis е првата што понуди електричен скутер со отстранлива литиумска батерија и електромотор од Bosch, по цена на обичен четиритактен скутер од пристојна марка.

Додека повеќето производители на автомобили само ветуваат електричен погон, кај скутерите веќе има конкретни понуди. Но, по цена од 2.000 евра, колку што чини не-кинески четиритактен скутер со 50 cm3, досега се нудеа или премногу слаби и малечки електрични модели или застарени скутери со фиксно вградени оловни акумулатори.

Австриската марка KSR Moto прави голем исчекор во тој поглед. Нивниот Vionis е прв електричен скутер со место за двајца патници, со мотор од два киловати и отстранлива литиумска батерија, по цена од 1.999 евра. Моделот засега е нуди само на пазарите во Германија, Франција, Италија, Шпанија и Белгија.

Електричен скутер со батерии што се полнат дома

Отстранливата литиумска батерија од LG е голема предност, затоа што возачот може да ја понесе со себе во домот или во канцеларија. Тоа прави електричниот скутер да не биде привилегија само на оние што располагаат со гаража или имаат резервирано паркинг со полнач за струја. Со капацитет на батеријата од 1,2 киловатчас, Vionis може да извози до 55 километри со едно полнење.

Во погонот исто така има пријатно изненадување. Електромоторот е производ на Bosch, постигнува трајна моќност од 2 киловати, а вртежниот момент од 46 њутнметри е на ниво на мотоцикл со 500 cm3. Тоа гарантира дека Vionis нема да изгуби здив на првата нагорнина.

Претходна објаваОсум модели на краш-тест и сите со пет ѕвезди
Следна објаваЛуис Хамилтон ќе снима биографски филм

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here