Германскиот клуб АДАК: Сите возила отстапуваат од еко-нормите

Познатиот клуб АДАК веќе со години врши реални мерења на издувните гасови и на потрошувачката на гориво. На тестовите на клубот редовно се покажуваат големи отстапувања во реалноста.

Клубот АДАК уште од 2003 година во сопствена и сертифицирана лабораторија спроведува мерење на емисијата на СО2 и на другите штетни материи во издувните гасови на приближно 150 различни модели на автомобили на годишно ниво. Од клубот денес излегоа со соопштение дека на неговите еко-тестови редовно се евидентираат отстапувања од граничните вредности на нормата Euro 6, повикувајќи се на актуелниот случај со прекумерната емисија на азотни оксиди кај моделите на Volkswagen со дизел мотор кои се продаваат на пазарот во САД.

Според АДАК, на неговите мерења сепак не се утврдени толкави екстремни отстапувања како во САД, односно станува збор за вредности што се за 7 до 20 пати над нормите, во зависност од условите на возење, место за 10 до 40 пати.

Клубот смета дека чистите дизел мотори во ниту еден работен режим не би требало да имаат вредност поголема за 50% од дозволените вредности според нормата Euro 6. АДАК веќе со години се залага за законски да се пропише наведување на податоци за потрошувачката и емисијата што се блиску до реалноста.

„Современата технологија за чисти дизели може да ги намали азотните оксиди на дизел возилата во реални услови на возење во град и на автопат за 90 до 95 проценти,“ оценуваат во овој клуб со најголемо членство на европска територија.

Претходна објаваФранкфурт 2015: Петте најважни трендови на салонот
Следна објаваСлучајот со Volkswagen ја разоткрива практиката во целата бранша

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here