за

Британците возат најскапо, Арапите најевтино

На Британците во просек им се потребни 4.200 евра годишно за нивниот автомобил да остане во движење, додека во Саудиска Арабија се доволни само 290 евра.

Споредба на типичните оперативни трошоци во 21 држава покажа дека британските возачи мораат да плаќаат најмногу за нивните автомобили да ги одржуваат во движење. Со 4.200 евра годишно за гориво, осигурување, даноци и регистрација, возењето автомобил во Велика Британија е околу 1.200 евра поскапо отколку во САД, односно околу 2.500 евра поскапо отколку во Јапонија или Кина.

Сведено на километар, при вообичаена годишна километража од 20.000 километри, британските возачи плаќаат по 20 центи или околу 13 денари за секој поминат километар – никаде во светот возењето автомобил не е поскапо отколку на островот. Со висината на оперативните трошоци за просечен автомобил од средна класа единствено Холанѓаните и Швајцарците се блиску до нив.

Најголемиот дел од сметката отпаѓа на горивото, што чини 2.256 фунти или 2726 евра за 20.000 километри годишно. За споредба, горивото во Франција ги чини возачите 2.511 евра за истата километража, во Јапонија 1.863 евра, во САД 1.196 евра и само 156 евра во Саудиска Арабија.

Оперативни трошоци за автомобил (во евра)

  1. Велика Британија 4173,46
  2. Холандија 4072,87
  3. Швајцарија 4014,12
  4. Италија 3585,00
  5. Португалија 3522,09
  6. Германија 3451,29
  7. Франција 3067,95
  8. САД 2930,85
  9. Шпанија 2926,63
  10. Нов Зеланд 2884,73
  11. Австралија 2571,80
  12. Канада 2209,77
  13. Индија 2182,33
  14. Русија 2087,93
  15. Јапонија 1967,76
  16. Кина 1589,21
  17. Јужна Африка 1546,99
  18. Обединети Арапски Емирати 812,07
  19. Катар 636,84
  20. Аргентина 326,18
  21. Саудиска Арабија 286,67

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Lamborghini Veneno Roadster подготвен за полетување

Шефот ќе ја спасува Alfa – по четврти пат!