за ,

Барселона е светска престолнина на електричните автомобили

Преку бројни иницијативи, Барселона е на седмото место на светските градови што се залагаат најмногу за унапредување и воведување на погонот на струја.

Во текот на овој месец, Барселона е светска престолнина на електричната мобилност. Организаторите на Симпозиумот на електрични возила, кусо EVS, го избраа главниот град на Каталонија за организирање на 27-от симпозиум од 18-ти до 20-ти ноември. EVS е најзначајна меѓународна изложба во овој сектор и секоја година се одржува во друг град.

Пред симпозиумот, Барселона ќе биде домаќин на третата манифестација на EXPOelectric formula-e, најважна изложба во Јужна Европа на тема погон на струја, отворена за експертите и за јавноста.

Во минатата година Барселона прерасна во глобален референтен град во подрачјето на еколошкото возење. Во извештајот на Интернационалната агенција за енергија, Барселона се најде на седмото место на градови што се залагаат за унапредување на електричната мобилност. Со повеќе од 300 возила на струја, градот го има најчистиот автобуски јавен превоз во Европа. Покрај тоа, на располагање стои најголемиот возен парк од електрични мотоцикли во Европа, со преку 260 станици за полнење.

Nissan ја избра Барселона како локација за производство на новите електрични модели. Во каталонската метропола ќе се произведува доставниот ван e-NV200 и оттаму ќе се испорачува низ светот, меѓу другото и во Њујорк, каде што автомобилот наскоро ќе почне да се користи во такси превозот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

60 години од првиот автомобил на Seat

На овие автомобили им се позлати воланот