
Според ценетиот британски магазин со долга традиција Вот Кар (What Car), марката Сузуки ги има најзадоволните сопственици на автомобил во земјата, покажа истражувањето во коешто возачки и возачи го оценуваа своето искуство со автомобилот што го поседуваат, стар до пет години.
Близу 40.000 возачки и возачи во Велика Британија одговорија на повикот од британскиот магазин Вот Кар да ги пренесат своите искуства од автомобилот што го поседуваат, за да се најде марката што ги има најзадоволните возачи. Сузуки повторно се најде на врвот, со 97,8 проценти од возачите што ѝ го довериле изборот на јапонската марка.
Сузуки се врати на врвот по седум години во коишто за малку го пропушташе првото место. Лани, специјалистот за малечки автомобили и погон на сите тркала мораше да ѝ го препушти водството на Хонда, но годинава ја престигна и има 2% предност над сонародничка марка.
Водечката петорка ја сочинуваат уште Мини (95,4%), Алфа Ромео (94%) и Тесла (93,8%).
Анкетата на Вот Кар во којашто одговараат сопственици на возила и тоа ѝ дава неоспорна веродостојност, се спроведува секоја година. Најновите резултати доаѓаат од одговорите од 39.300 читатели на Вот Кар, со автомобили од 30 марки и вкупно 225 модели од сите класи, стари до пет години.
Свифт, иконата меѓу градските авотмобили, го докажува своето име со совршен резултат – не е забележана ниту една поплака или дефект од сопствениците на овој модел на Сузуки. Моделот од претходната генерација (2017-2024) води и во конкуренција на модели од градската класа, и во општа конкуренција.
Не заостанува СУВ-моделот Витара, уште една икона на автомобилската сцена, со 97,6% од возачите што не пријавиле дефект, а што пак е далеку над просекот во класата на СУВ од Б-сегментот, каде што еден од секои десет сопственици пријавил (91,7%) забелешка за своето возило.
Клер Еванс, уредничка на Вот Кар, коментираше за успехот: „Сузуки триумфираше во истражувањето за издржливоста од Вот Кар, по седум години со мал заостаток на второто место… рејтингот од 97,8% покажува дека речиси сите сопственици имале беспрекорно искуство во поглед на издржливоста.“

Само два модели годинава постигнале апсолутна издржливост, со 100% отсуство на каков било дефект, Свифт е еден од нив
Уредничката додава дека „вкупниот удел на неисправности од 10% е најнизок во годинешното истражување, и сите тие автомобили имале дефект што бил отстранет бесплатно – тоа е импресивно ако се има предвид дека многу од нив инаку би биле надвор од тригодишниот гаранциски рок за нови автомобили.“ Во тие 10 проценти, најголем удел отпаѓа на неисправности во електриката што не е поврзана со погонот, и општо на каросеријата, што обично подразбира банални пропусти, како панели во кабината и слично.
Во Македонија, гаранцијата за моделите на Сузуки е 5 години или 100.000 километри.















