Кои концерни продаваат најмногу возила на европскиот пазар

Производителите од Кина во септември го удвоија својот удел на европскиот автомобилски пазар со рекордни 194.760 возила, постигнувајќи пазарен удел од 14,6 проценти.

СУВ-моделот од средна класа Џсјку 7 е прв кинески автомобил што се проби во европскиот Топ 10 на месечно ниво, со продадени 15.470 возила во септември.

Кинеските концерни достигнаа рекорден удел од близу 15 проценти на европскиот пазар. Додека новата автомобилска сила бележи силен раст, традиционалните производители се борат да ја одржат продажбата. Следи септемврискиот преглед на продажбата на автомобилските концерни во Европа.

Автомобилските марки на производителите од Кина ја зголемија септемвриската продажба за 104 проценти, со 194.760 возила, додека целиот автомобилски пазар порасна за 10 проценти, на 1,34 милион автомобили, покажуваат првичните статистики што покриваат 98 проценти од европскиот пазар.

Извозот од Кина бувна од средината на јули, откако ЕУ и Кина отпочнаа преговори за можно ограничување на увозот на хибриди, што би стапил во сила в година. Инвестициската банка Ју Би Ес соопшти на 25-ти септември дека извозот на кинески автомобили во Европа е речиси двојно поголем отколку што покажува растот во бројот на новорегистрирани автомобили, затоа што логистиката не достасува да испорача толку возила колку што навистина се истоваруваат на европска почва.

За возилата да се транспортираат со брод од кинеските пристаништа до европските купувачи се потребни околу 30 до 45 денови.

Вистинскиот обем ќе се покаже во бројот на новорегистрирани возила во преостанатите месеци од годинава. Првите знаци за тоа се покажаа во септември. Со 14,6 проценти, уделот на кинеските марки во септемвриската продажба во Европа е зголемен за близу три процентни бодови во споредба со претходниот рекорд од 11,7 проценти во август.

Продажбата на кинеските производители од 194.760 возила во септември е зголемена за околу една третина од претходниот врв со 152.747 возила во јуни.

Групацијата Чери, каде што спаѓаат уште марките Џејку, Џетур, Лепас, Омода и Ебро, заедно со матичната марка Чери, во септември ја зголемија продажбата за 187 проценти, на 56.552 возила, за првпат да станат најпродавана кинески производител во Европа.

Би Уај Ди напредуваше 102 проценти со 49.374 возила, но падна на второ место.

САИЦ, производител на возила од марката МГ, остана на третото место во конкуренција на кинески производители, со раст од 24 проценти и продадени 41.707 возила.

МГ беше најпродавана кинеска марка во Европа, кога во 2011 година започна со продажба во регионот, сé до годинава. Таа не можеше да парира на огромниот раст кај Би Уај Ди, којашто беше најпродавана кинеска марка во мај, јули и август.

Септемврискиот раст им донесе на Чери врв во продажбата по девет месеци, со 253 проценти угоре и продадени 283.075 возила. Тоа место може наскоро да го преземат Би Уај Ди, чијашто продажба се зголеми 135 проценти и достигна 281.984 возила.

МГ останува на трето место со раст од 20 проценти и 271.327 продадени возила, додека меѓу Џили и Липмотор се води тесна трка за 4-то место.

Групацијата Џили, каде што спаѓаат Џили, Полстар, Линк енд Ко, Зикр и Лотус е 4-та најпродаван кинески производител до септември, со раст од 84 проценти и 87.566 возила. Липмотор за девет месеци ја зголеми продажбата 429 проценти во споредба со лани и со 87.214 возила одвај заостанува зад Џили.

M-Hero M817 · Тест · Борбен авион во низок лет

По девет месеци, кинеските марки продадоа 1,12 милион возила во Европа, зголемувајќи го уделот на 10,5 проценти, во споредба со 5,5 проценти во истиот период лани.

За зголемената продажба на кинеските возила во септември придонесе и растот во побарувачката на приклучни хибридни возила.

Кинеските марки ја зголемија продажбата на приклучни хибриди за 175 проценти, со 73.952 возила, зголемувајќи го својот удел во овој сегмент за 10 проценти бодови на 38 проценти.

Целосно електричните возила првпат се искачија на 2-то место на најпродавани видови погон, со удел од 35 проценти во вкупната продажба на Кинезите во Европа, со раст од еден процентен бод, благодарејќи на продажбата од 68.091 возила, што е за 112 проценти повеќе од лани.

Обичните хибриди напредуваа 86 проценти со 36.063 возила, губејќи еден процентен бод од уделот на Кинезите, така што нивниот удел во овој вид погон сега изнесува 19 проценти.

Во Македонија се возат 1.058 електрични патнички автомобили

Претходна објаваЛипмотор е прв кинески производител што ќе изработува батерии во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here