Липмотор почна да произведува во Шпанија, нема царини во ЕУ

Во фабриката на Стелантис во шпанска Сарагоса, од каде што излегуваат Пежо 208, Опел Корса и Мока, почна производството на Липмотор, кинескиот партнер на концернот.

Во петокот на 16-ти октомври беше свечено пуштено производството на Липмотор Б10 во фабриката на Стелантис во Сарагоса, Шпанија. Тоа е уште еден успех на партнерството на концернот на Пежо и Фиат со кинескиот партнер Липмотор, откако концернот ги презеде дистрибуцијата, продажбата и сервисирањето.

На настан што привлече огромно внимание на медиумите, Стелантис и Липмотор свечено го одбележаа почетокот на производството на Липмотор Б10. Концернот на Фиат и Пежо со овој чекор ги надмина проблемите околу искористеноста на производствениот капацитет, со којшто се соочуваат традиционалните производители, додека нивните соперници од Кина освојуваат сé поголем дел од европскиот пазар. Висока искористеност на фабриката е основа за рентабилност во работењето.

Клучно е и тоа што моделите на Липмотор со производството во Европа се водат како домашен производ и со тоа ги избегнуваат дополнителните царини што Брисел ги воведе за увозот на електрични автомобили од Кина.

Прв модел на Липмотор што стартува со производство во Шпанија е Б10, тоа е СУВ од градската класа, што значи дека е модел со големина слична со Рено Каптур или Тојота Јарис Крос, но со важната разлика што е целосно електричен автомобил.

„Нашите корени се во Кина, а нашата амбиција е глобална. Европа е стратешки дел од таа амбиција и производството во Сарагоса ни овозможува нашата технилогија да ја приближиме до европските пазари и купувачи,“ изјави основачот и претседател на Липмотор, Џиангминг Жу.

На настанот присуствуваше владина делегација, предводена од Хорхе Аскон, премиер на Арагон, и Жорди Гарзија Брустенга, министер за индустрија, укажувајќи на важноста на овој чекор за шпанската индустрија и на Арагон, како регион од стратешка важност за трансформацијата на автомобилската индустрија.

Видеата од големиот тест на Липмотор Ц10 во Македонија

Претходна објаваКаде што завршува ГЛЕ 63 презема Мерцедес-АМГ ГТ СУВ со 1.169 КС и техника од Ф1

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here