Новите играчи од Кина доставија договори за продажба и сервис што канадските дилери треба да ги потпишат, со што ќе се заокружи повеќемесечната кампања за регрутирање, изјави тој за Аутомотив Њуз Канада.
Би Уај Ди, Чери и Џили во изминатите недели лансираа канадски веб-страници, откако преку летото го проширија бројот на вработени во своите корпоративни тимови во Канада. Донгфенг исто така го насочи своето внимание кон пазарот и во јули соопшти дека е во постапка да хомологира најмалку два модели за Канада.
Отава ја отвори вратата за кинеските брендови во јануари, кога со Пекинг договори да го укине својот казнен данок за електрифицирани возила произведени во Кина и воведе систем на квоти. Квотата ќе овозможи 49.000 електрични возила произведени во Кина да влезат во Канада во првата година, а дозволената бројка понатмау ќе се зголемува за 6,5 отсто секоја година.
КАДА е во редовен контакт со своите околу 3.400 регистрирани дилери, откако кинеските брендови во почетокот на оваа година почнаа да истражуваат можности да се прошират во Канада, а исто така контактира директно со производителите на автомобили, рече Рус.
Сите кинески брендови кои планираат наскоро да започнат со продажба во Канада работат според моделот на франшизни дилери и секој од нив мора да има еден или два модели хoмологирани за Канада во почетокот на 2027 година, рече тој.
Возилата што се продаваат во Канада мора да ги исполнуваат канадските стандарди за безбедност на моторни возила, но Министерството за транспорт на Канада не сподели детали за тоа колкав напредок имаат постигнато кинеските брендови во хомологацијата.
Квотата е уште една пречка.
Една третина од 49.000-те кинески електрични возила на коишто ќе им биде дозволен увоз во Канада во првите 12 месеци веќе се резервирани. Тесла го сочинува најголемиот дел од увозот, додека Полстар, Лотус и веројатно Линколн исто така обезбедиле квота. Форд неодамна ја обнови продажбата во Канада на хибридниот Линколн Наутилус што се произведува во Кина, но нема потврдено дека ќе се приклучи во квотата.
На 1-ви март 2027 година, квотата ќе се ресетира и ќе се зголеми на 52.185 возила.
Досега, Канада ги доделуваше квотите по принципот „прв дојден, прв услужен” — практика за која Рус изјави дека нема да функционира на долг рок.
„Не можат да очекуваат брендовите и дилерската мрежа да инвестираат милиони долари во иднинам ако не знаат колкав рок имаат и на колкав обем на продажба можат да сметаат.”
На дилерите им е потребна сигурност
На сите засегнати страни ќе им треба поголема сигурност и гаранција дека квотите ќе останат трајно или ќе се зголемуваат од година во година.
„Не може да се очекува голем или огромен потенцијал за профит од самиот почеток“, поради строгиот лимит на количините, рече Рус.
Рус напомена дека истражувањето на групата покажува оти постои дефинитивен интерес за возила произведени во Кина меѓу Канаѓаните, но поради непознатата природа на брендови ќе биде потребно подолго време додека тие добијат замав.
„Дилерите треба да влезат во ова со отворени очи и да имаат долгорочна перспектива.”
Липмотор Ц10 · На пат од 800 километри со електричен автомобил низ Македонија (Прв дел)















