Шаоми Ауто в година стартува со продажба на европскиот пазар

Шаоми од 2027 година станува дел и од европскиот автомобилски пазар. Потпишани се првите договори со најголемите дилерски групации во Европа, во рамките на ИФА Берлин.

Свеченото потпишување на првите договори укажува на намерата на Шаоми Ауто за долго да биде дел од европскиот автомобилски пазар.

Шаоми Ауто, огранокот за автомобили на светскиот гигант за потрошувачка електроникa и технологија од Кина, денес го најави својот официјален почеток на европскиот пазар. Автомобилите на Шаоми ќе се продаваат на најголемите пазари во Европа, меѓу другото и Германија. Првите договори се потпишани за време на ИФА Берлин, саем за напредна технологија, каде што бизнисот и публиката ќе се среќаваат со роботи, АИ, но и со паметни уреди за домаќинство или летечки автомобили.

Шаоми Ауто постигна исклучителен успех откако во почетокот на 2024 година започна со продажба на своите електрични авотмобили. Досега се испорачани преку 700.000 возила. Европа, колевката на автомобилите и еден од најважните пазари во светот, ќе претставува важно скалило за подемот на Шаоми на светската автомобилска сцена.

Со свеченото потпишување на писмата на разбирање со дилерските групации за време на ИФА Берлин, одбележан е и стартот на изградбата на мрежа од продажни салони и сервисни работилнци во Европа.

Во денешното соопштение стои дека Шаоми Ауто се „отворени за партнерства со останатите европски дилери, со цел на клиентите на лице место да им се понудат првокласни производи и премиум сервисна услуга.“

Кинезите се задоволни од одговорот на германските дилерски групации, вклучувајќи го германскиот огранок на Емил Фреј, водечки дилер во Европа со седиште во Швајцарија, со преку 600.000 продадени возила годишно, но и други звучни имиња, како Пенске-Џејкобс, СПТ Авиор, Хан Аутомобил или Ернст Дело ГмбХ.

Потпретседателот на Шаоми Ауто и директор за извозните пазари, на настанот во Берлин кажа дека „Шаоми Ауто се залага за долгорочни инвестиции во Европа… со нашиот европски центар за истражување и развој во Минхен и растечка мрежа од продажни и сервисни центри, настојуваме на европските клиенти да им понудиме иновативни производи и првокласни сервисни услуги.“

Шаоми СУ7

Штандот на Шаоми на ИФА Берлин 2026

Шаоми на саемот за потрошувачка електроника и технологија во Берлин, што се вбројува меѓу најголемие во светот, ги прикажува најновите иновации и интелигентниот екосистем „Хјуман х Кар х Хоум“. Тоа го опфаќа и Шаоми Вижн Гран Туризмо. Саемот трае до 8-ми септември.

Кинескиот гигант е често спомнуван на сцената, меѓу другото и со рекордот што го постави Шаоми СУ7 Ултра, со време од 7 минути 4 секунди и 959 илјадинки на Нирбургинг, за електрични авотмобили од луксузна класа.

Шаоми ЈУ7 ГТ со тркачки пакет ги мина 20,8-те километри на Нордшлајфе за 10 минути 29 секунди и 483 илјадинки, поставувајќи рекорд за самоуправувачки автомобил, без човек зад воланот.

Освен класични електрични автомобили, Шаоми Ауто произведува и ЕВ со продолжувач на досег, односно со помошен бензински мотор.

За цените на СУ7 во Европа се шпекулира со вредности меѓу 35.000 и 40.000 евра.

Претходна објаваФорд ќе продава кинески електрични комбиња во Европа
Следна објаваНадзорниот одбор на Фолксваген го одобри планот за штедење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here