Форд ќе продава кинески електрични комбиња во Европа

Форд e на пат да ги качи на брод првите 1.000 електрични ванови од кинеско производство и да ги пушти кон Европа, проширувајќи ја стратегијата за Кина да се искористи како глобален центар за производство.

Електричниот ван Форд Транзит Сити излегува од производствената линија на Џанглинг Мотор, во заедничката инвестиција на Форд за доставни возила во Кина.

Во согласност со својата стратегија „Во Кина, за светот“, извозот на Форд Транзит Сити ќе опфати 52 држави и региони на пет континенти, соопшти кинескиот огранок на производителт од САД.

Нарачките за електричниот ван во Европа почнаа уште во второто тромесечје. Испораките се очекуваат кон завршетокот на годинава.

Со овој чекор, Форд се обидува да ги искористи пониските трошоци за производство во Кина и воедно да ја прошири својата мрежа од фабрики ширум светот. Оваа стратегија стана неопходна, откако производителите од САД и Европа се соочија со силни притисоци да ги скусат трошоците и да се натпреваруваат со кинеските производители на ЕВ.

Замислен како евтин електричен ван за испорака низ град, Транзит Сити е развиен во соработка со заедничката компанија на Форд со Џанглинг Моторс во Кина. Ванот ќе се произведува во фабриката на Шалоан во градот Нанчанг на истокот на земјата.

Според Форд Кина, во Транзит Сити работи батерија ЛФП со подостапната хемија со големина од 56 кВч и електромотор напред со моќност од 110 кВ. Според светската норма, досегот изнесува околу 250 километри.

Со 10 минути на брз полнач, се добива енергија за околу 50 километри. Носивоста е до 1,6 тон, а зафатнината на товарниот простор е до 8,5 метри кубни.

Форд ќе нуди три изведби во Европа. Една со кусо меѓуоскино растојание и низок покрив, една со средна должина и висок покрив и една изведба како платформа за надградба.

Од системите за асистенција се присутни самостојно запирање при опасност од судир, задржување во лента, следење на брзинското ограничување и приспособлив темпомат. Во средината на кокпитот е екран од 12,3 инчи, со поддршка за Андроид Ауто и Епл Кар Плеј.

Освен со Џанглинг Моторс, Форд соработува и со Чанган Аутомобил во кинеска заедничка компанија што произвцедува возила од марките Форд и Линколн.

Форд го засили извозот од Кина во 2022 година. Лани, производителот од САД испорача 184.000 возила од Кина, што е двојно повеќе од 2022 година. Се извезуваше за САД, Канада, Австралија и Јужна Африка, но и на Средниот Исток, Југоисточна Азија и Латинска Америка.

Киа ПВ5 · Тест · Електричниот погон е друг свет кај доставните возила

Претходна објаваКонкуренцијата на Киа Селтос во Топ 10 најдостапни СУВ-компакти
Следна објаваШаоми Ауто в година стартува со продажба на европскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here