Надзорниот одбор на Фолксваген го одобри планот за штедење

Надзорниот одбор на Фолксваген го прифати контроверзниот план за санацџија што го предложи менаџментот. Не се познати деталите. Планот опфаќа отпуштање работници и затворање фабрики.

Планот за санација на Фолксваген што го предложи менаџментот, доби зелено светло од надзорниот одбор на концернот. Гласањето било едногласно, соопшти компанијата по состанокот на извршниот одбор. Најголемиот производител на автомобили во Европа планира да укине 50.000 работни места, од коишто половината се во Германија, како и да затвори четири германски фабрики.

Извршниот одбор и надзорниот одбор ценат дека спроведувањето на планот за скусување на трошоците е итно и неопходно, со цел да се задржи конкурентноста на концернот Фолксваген и да се обезбеди иднината. Со планот се поставуваат темели, за групацијата Фолксваген и нејзините марки да работат поефикасно, поконкурентно и со јасно одредена цел за иднината.

Пред состанокот на надзорниот одбор, претставници на синдикатот и сојунзата покраина Долна Саксонија ги известија медиумите дека имаат намера да ги изнесат своите предлози.

Министерот за економија на Долна Саксонија, Гранд Хендрик Тоне, според магазинот Политико, побарал од извршниот одбор на Фолксваген да направи концепт, за капацитетите во фабриките да се искористат максимално и да се задржат работните места во индустријата во Германија.

Плановите за штедење се главна тема кај Фолскваген во изминатите неколку недели. Тие наидоа на жестоко противење од страна на политичарите, на работничкиот синдикат ИГ Метал и на вработените.

Извршниот одбор уште во почетокот на јули го соопшти планот за намалување на трошоците. Но, тој не помина, затоа што не беше исполнето мнозинство во надзорниот одбор.

Претходна објаваШаоми Ауто в година стартува со продажба на европскиот пазар
Следна објаваКои користени автомобили им се најизвозени на Германците?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here