
Кој очекува дека целиот состав на десетте модели на СУВ од компактната класа со најдостапна цена на македонскиот пазар ќе бидат автомобили произведени во Кина, веројатно ќе се изненади пријатно, кога ќе воочи дека тоа се „само“ 4 модели. Точно е дека веднаш на врвот се два кинески автомобили, но и „нашите“ не заостануваат. Дачиа е таа што се држи одлично под напливот од модели од Кина. Но, не само таа. Киа Селтос е новиот лик во оваа горда десетка. Кои се останатите четири модели и што умеат тие?
Најдостапниот модел во Топ 10 на модели што се први на списокот при подредување според цената и моделот што ја заокружува оваа конкуренција, ги дели разлика од 5.500 евра. Кинескиот Џили прави мошне радикален зафат и на редовните 30.990 евра за својот Ситиреј, настапува со попуст од 6.500 евра, за на крајот да се добијат 24.490 евра.
Но, Кинезите пак не постигнуваат целосна превласт меѓу 10-те најдостапни СУВ од компактниот сегмент, затоа што има шест марки од традиционални производители.
Конкурентската трка ја заокружува Ситроен Ц5 Еркрос, којшто е меѓу најголемите во овој избор и со којшто Французите сакаат да направат исчекор кон средната класа, но тоа не менува премногу во поглед на цената, затоа што нивниот СУВ пак останува под звучната, и не само звучна граница, од 30.000 евра.
На Ситроен, Киа, Шкода, Форд, Дачиа и Хјундаи, им се спротивставуваат „нови“ имиња, како Џили, Донгфенг, Фортинг, Хавал. Но, не се работи само за битка со цените, туку постојат и големи разлики меѓу одделните модели во поглед на опременоста, посебно во поглед на системите за асистенција, каде што некои марки веќе традиционално вложуваат многу.
Токму тоа ја двои Киа Селтос, којашто во оваа конкуренција внесува највисоко ниво на опременост со системи за асистенција, што се важни и за безбедноста во возење и за удобноста при патување. „Класичарот“ и бестселер Киа Спортаж е изоставен во овој Топ 10, иако со цената од 28.800 евра пак припаѓа во оваа конкуренција, меѓутоа овојпат е оставен Селтос сам да се докажува.
Автосалон МК е од голема помош при изборот на нов автомобил
За овој преглед на Топ 10 се послуживме со новата „алатка“, со нашиот каталог со цени и податоци за сите нови модели на автомобили што увозниците ги нудат на македонскиот автомобилски пазар, онлајн-каталогот Avtosalon.mk
Автосалон МК е производ на Аутомедиа и претставува голема помош за купувачите на нов автомобил, со тоа што при пребарувањето на моделите може да се постават сите критериуми, да се пребарува според цена, според вид на гориво, електрификација на погонот, вид на каросерија, класа на возилото.
До страницата со филтрите при пребарување се пристапува на следниот линк на Автосалон МК (се отвора нов прозорец)
Онлајн-каталогот Автосалон МК во моментов е во фаза на дополнување со податоци за нови модели, но се полни брзо и наскоро ќе бидат достапни информациите за преку 1.200 модели што се нудат на македонскиот пазар.
Со кликнување на сликата од моделите пристапувате до страницата со сите податоци за моделот во нашиот онлајн-каталог Avtosalon.mk . За да ја задржите отворена страницата на Аутомедиа, држете го копчето ЦТРЛ при кликнувањето на сликата.
На следниот линк направивме пристап до сите СУВ-модели од компактната класа со бензински мотор (вклучувајќи неколку кросовери), што досега се внесени во онлајн-каталогот ДО МОДЕЛИТЕ
24.490 евра
Титулата на Џили Ситиреј на најдостапен компактен СУВ малку е позната во јавноста, главно поради слабата застапеност на кинеската марка во медиумите. Џили Ситиреј поставува високи мерила во многу стандарди, вклучувајќи ја опременоста. Прашање е дали основниот модел со опременост што се води под името ГК е само рекламна мамка за звучната реклама, со невообичаено високиот попуст од 6.500 евра. Тоа што следното ниво на опременост ГФ, во коешто следат електрично отворање на багажникот, амбиентално осветлување, електрично местење на возачкото седиште, светло во сонцобраните и во касетата пред совозачот, безжично полнење и аудио систем, чини дури 3.000 евра повеќе, веројатно прикажува пореална слика околу понудата на кинескиот производител. Но, и во тој случај, ова е добар избор, иако останува непознат на автомобилската сцена.
25.900 евра
Мејџ го наследува имиџот на еден мошне успешен модел од кинески производител на македонскиот пазар, на Фортинг Т5 Ево. Тој настапува со сосем различен дизајн, и напаѓа со просторност, нов мотор, висока опременост, а на тестот изненади и со високата динамика на возење. Мејџ е модел на Еолус, марка на групацијата Донгфенг.
25950 евра
Дачија дури и без промотивна цена им ги меша сметките на конкурентите. „Поголемиот Дастер“ доаѓа и со различен погон, односно е само еден од двата модели во оваа десетка, што нуди благ хибриден погон. Од опременоста нема што да се очекува премногу, но и без тоа, купувачите барем во Европа, ја искористуваат ценовната предност и избираат модел со повисоко ниво на опременост од основното. Уште еден важен податок е тоа што Бигстерот со истата цена е достапен и во изведба со погон на автогас.
26900 евра
Киа Селтос го следи примерот на Телјурајд во САД, модел со солидна, но не и најскапата техника со коајшто располага корејскиот производител, но затоа голем и просторен, функционален. Селтос во втората генерација првпат се нуди на европскиот пазар и настапува со техника на класичен компакт, односно ја дели техниката со К4 – наследничката на Сид – а нуди каросерија со големина слична со бестселерот Спортаж, а дополнително на тоа, изгледа различно. Опременоста е врв, моторите се познати од Спортаж, ова е модел на Киа што менува многу на македонската сцена. Тој веројатно ќе прерасне и во носечки модел на Киа на нашиот пазар, откако Спортаж ќе влезе во нова генерација.
27.800 евра
Хјундаи Тусон е име што повеќе се потпира на стара слава, односно на раните успеси на корејската марка на македонскиот пазар, во времето на претходниот увозник. Тусон, конкурентот на Спортаж што вечно заостануваше зад него во продажбата, наскоро заминува од понудата и ќе се чека новата генерација. Во ценовникот стои попуст од 4.400 евра, но и напомена дека истиот важи само за возила на залиха. Тоа во основа значи дека купувачите нема да го добијат моделот по цената што стои во ценовникот, туку веројатно ќе мора да чекаат на друга моделска изведба со цена што се разликува. Покрај тоа, во ценовникот што е објавен на вебсајтот, не се наведува датумот. Тоа остава многу резерва.
27.900 евра
Фортинг Т5 Ево е успешен кинески модел на македонскиот пазар, со дизајн што им се допадна на купувачите, со добра опременост, просторен, и со комфорно возење. Уште една доблест е моторот од Мицубиши, којшто работи мошне штедливо, во комбинација со 7-степен автоматски менувач од специјалистот Гетраг.
27.900 евра
Форд Куга е уште еден модел што малку е присутен на македонската сцена. Гласот на трицилиндарските Екобуст мотори му влијаеше и на СУВ-то на марката што се бори да го задржи производството во својата фабрика во Шпанија и најде решение со тоа што му дозволи на Џили да ја користи фабриката. Опременоста Титаниум ветува многу со името, меѓутоа е останата на нивото од пред десетина години, затоа што бројни ставки недостигаат.
27.950 евра
Шкода релаксирано вози во оваа конкуренција, со тоа што Порше Македонија изненади со акциската цена, со голема разлика од редовната. Но, тука нема двоумење или сомнежи дали станува збор за вистинска понуда, затоа што во ценовникот е јасно наведено дека истиот е објавен на 11-ти јуни 2026 година и дека важи до исцрпување на залихите. На Карок не му треба да замачкува очи со богата опременост, има вредност и без броење колку светилки имало во кабината.
27.950 евра
Хавал е марка на Грејт Вол Мотор и имаше едно поглавје на успех во времето на претходната генерација на Х6, меѓутоа од преоѓањето во нова генерација, и Хавал е марка што изчезна од медиумската сцена, па малку се знае што се случува тука. Хавал не убедува со силен мотор или со голема каросерија, па ниту со опременоста. На крајот, високата цена не помага за Џолион да биде поубедлив.
29.990 евра
Ситроен Ц5 Еркрос со големината повеќе се движи кон СУВ од средна класа, што е чекор по пример на Тојота РАВ4 или Фолксваген Тигуан. СУВ-то на Французите доаѓа со благ хибриден погон, со 1,2-литарски Пјуртек и системски 145 КС. Штедливоста и комоцијата што произлегуваат од самиот хибриден погон, со автоматски менувач со двојна спојка, го издвојуваат Еркросот и го оправдуваат тоа што моделот е праг под звучните 30.000 евра. СУВ-то не остава сомнежи дека е модел на Ситроен, со сите обележја, со комфорно седење и комфорна амортизација, па и со примерна опременост. Во целина, добро заокружен пакет. Може да се очекува вклучување на изведба со 1,6-литарски турбо бензинец со 180 КС, којашто веќе работи во Пежо 3008 и Опел Грандленд.














