Групацијата Фолксваген очекува до завршетокот на годинава да постигне договор со локален партнер во Индија, изјави извршниот директор на Шкода, Клаус Целмер, во време кога Фау Ве вложува напори да го засили своето присуство на третиот најголем автомобилски пазар во светот.
Шкода е надлежна за стратегијата на групацијата во Индија, каде што Фау Ве води преговори за заедничко вложување со конгломератот ЈСВ. Можниот партнер бара мнозински удел во деловниот потфат.
Целмер изјави на 19-ти август дека Фолксваген преговара со неименуван партнер и се очекува во текот на годинава да биде постигнат договор. Тоа е најсилното уверување досега, дека решението е на повидок.
„Силно сум убеден дека можеме да посгигнеме посилен замав ако имаме локален партнер со силни корени,“ кажа Целмер пред новинарите во неслужбени разговори за време на одржувањето на настанот на Шкода во Мумбај.
Целмер изјави за индискиот Економик Тајмс дека Фау Ве е подготвен да ја отстапи контролата над своето делување на растечкиот индиски пазар, каде што светските производители на автомобили вложуваат сé помасовно.
Но, малку се тие што успеаја да фатат залет. Производителите од САД, Џенерал Моторс и Форд, се откажаа откако бележеа загуби со години. Групацијата Рено во 2025 година го откупи уделот во заедничката инвестиција на својот партнер Нисан во Индија, но ќе продолжи да произведува возила под марката Нисан, како варијанти на сопствените модели за индискиот пазар.
Шкода беше деветта најпродавана марка во Индија во јули, со пазарен удел од 1,23 процент. Таму владее Марути Сузуки, со удел од 42 проценти, следи Тата со 14 проценти, еден процент помалку има Махиндра, а Хјундаи е петта со 12 проценти.
Партнерството ќе му дозволи на Фолксваген да се впушти во ризик во Индија
Партнерството ќе му овозможи на Фолксваген да го смали ризикот со вложувањето на пазарот, каде што профитот лани порасна 50 проценти, благодарение на удвојувањето на продажбата. Но, тој удел уште не е доволен, и покрај тоа што концернот е присутен во земјата подолго од две децении. Фолксваген почна да бара парнерство во 2022 година, откако пропаднаа преговорите со Махиндра.
Аналитичарите ценат дека се поголеми изгледите да се постигне договор со ЈСВ, поради амбицијата на групацијата да прерасне во најголем играч на автомобилскиот пазар во Индија. ЈСВ веќе има заеднички вложувања со кинески САИЦ, преку МГ Мотор во Индија и преку посебен договор со Чери.
Фолксваген бара начини да го искачи следното скалило во Индија, каде што од 2027 година ќе се бараат повеќе возила со електрифициран погон, заради исполнување на строгите норми за емисија. За новите вложувања во Индија е потребно одобрение од управниот одбор на Групацијата Фау Ве, чијшто членови присуствуваа на настанот во Мумбај.
„Ги донесовме сите наши колеги од Вау Ве … за тие да увидат зошто сме толку возбудени околу тоа. И, тие сватија,“ кажа Целмер.















