
Џајгуар порачува дека внатрешноста на Тајп 01 повеќе дава нагласок на возачот, место на екрани, и напредната технологијата ја остава во заднина.
На неколкуте слики што беа објавени на 12-ти август, се забележува широк екран пред возачот, но отсуствува голем екран во средината. Место тоа, тука е поставена плоча со копчиња за ракување со климатизацијата. Џагјуар напоменува дека главно преку гласовни команди ќе се избираат и ќе се вклучуваат одредени функции на возилото.
Џагјуар веќе неколкупати се појави на сцената со објави што откриваат мали детали од Тајп 1, чијашто светска премиера ќе се одржи на 6-ти октомври во Њујорк.
Сликите што ги објави компанијата укажуваат дека Тајп 01 нема заден прозорец. Кабината добива светлина преку големиот сончев покрив. Дигиталниот средишен ретровизор е вграден долу во арматурната табла, место да биде закачен горе на ветробранот.
Меѓу главните посебности на Тајп 01 е средишниот гребен што се протега долж кабината и го дели патничкиот простор на четири засебни подрачја. Главниот дизајнер за внатрешност, Томас Холден, во соопштението за јавност порачува дека овој надолжен гребен отстапува од вообичаената хоризонтална шема.

„Тајп 01 претставува непогрешлива драма и театар, што ќе ја одредува внатрешноста нза современите луксузни автомобили во иднина“, вели дизајнерот.
За текстурите и материјалите во внатрешноста се наведува дека тие се изведени по пример на травертин, варовнички камен со боја на песок, што обично се користи за подови во скапи градби.
Површините се украсени со детали во средишниот гребен што изгледаат како месинг, со разни шари и со ненападно користени бои.

Овој воздржан дизајн е сличен со внатрешноста на Рејнџ Ровер ГТ, идниот спортски кросовер на Британците, посебно во поглед на воланот и во рачките на воланот, што веројатно ќе се користат за двата модели.
Тајп 01 го враќа Џагјуар кон своите корени на луксузна марка, откако ЈЛР не успеа да ја пробие како масовна премиум марка, покрај Мерцедес-Бенц и компанија. Автомобилот е долг над пет метри и се очекува цена од 130.000 евра. Тоа ќе биде модел во конкуренција на Порше Панамера, односно Тајкан, како и на Мерцедес-АМГ ГТ, но и на кинеските модели, како Денза З9ГТ.
Како основа служи новата платформа ЈЕА, чијшто батериски модули ќе се користат и за новите електрични модели на Рејнџ Ровер, како идниот ГТ. Батеријата е конструирана така што им остава повеќе простор за глава и за нозе на патниците, без да се повишува каросеријата.














