Француската марка во последно време не знае за доволно кога станува збор за специјални серии од популарниот Megane. Сепак тоа е најбрзиот компакт на Нирбургринг. Поводот овојпат е друг.
Renault ја претстави серијата Ultimate од својот Megane Coupe, која не само што ќе биде достапна во ограничен број на примероци, туку ќе биде ограничена и само на францускиот пазар. Megane Coupe Ultimate го користи како основа нивото на опрема Intens и дополнително вклучува уникатни бандажи од 18 инчи, стаклен покрив и посебен дизајн на браниците во стилот на моделите GT. Мултимедискиот систем R-Link со пристап на интернет и кожените седишта со грејачи се само дел од ексклузивната опрема којашто ќе ги пречекува идните сопственици во кокпитот. За серијата Ultimate се резервирани само два мотора, бензинскиот Energy TCe 130 и дизелскиот Energy dCi 130. Цената на првиот модел на францускиот пазар е 25.700 евра, додека дизелот чини 29.050 евра. Renault ќе ги прима нарачките за серијата Ultimate преку француската дилерска мрежа до идниот март.
















