Холандија е шампион во субвенции: Електрично комби за 5.000 евра

Фирмите во холандскиот град Ротердам можат да го купат електричниот ван Nissan e-NV200 за помалку од 25 проценти од редовната цена. Градот дава привилегии и во уличното секојдневие.

Компактното комби на Nissan со електричен погон, моделот e-NV200, за фирмите во Холандија е достапно за помалку од 5.000 евра. Тоа се помалку од 25 проценти од нормалната цена во продажба на овој модел. Дополнителна поддршка доаѓа и од самите градови, коишто настојуваат да ги заменат старите возила со висока емисија на штетни гасови со нови возила без каква било штетна емисија.

Градот Ротердам им нуди на фирмите субвенција од 2.500 евра за откуп на старите возила, што заедно со другите субвенции на национално ниво ја сведува цената на Nissan e-NV200 Visia Flex на само 4.950 евра. Со истите субвенции, нов Nissan Leaf чини само 7.450 место 24.110 евра. Сопствениците на обата модела треба да плаќаат само месечна наемнина за батериите во возилото. Градот дополнително им дозволува на возачите на електрични автомобили една година да паркираат бесплатно во центарот и дополнително им исплатува  до 1.450 евра за во домот да инсталираат полнач што користи „зелена“ струја. Секако дека на повеќе места во градот постојат јавни полначи што се достапни за сите електрични возила и хибриди со можност за надворешно полнење на батериите.

Со претопувањето на автомобилите во старо железо и со помошта за купувачите да го заменат стариот автомобил со електрично возило без каква било емисија на гасови, Ротердам дава огромен придонес за подобрувањето на квалитетот на воздухот во градот.

Претходна објаваVolvo произведен во Кина ќе се продава во САД
Следна објаваЕлектричниот Golf се подготвува за полициска кариера

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here