Марката од Борго Панигале ги избра шестемината мотоциклисти и сопственици на Мултистрада В4, за коишто жирито оцени дека најверодостојно ги прикажале вредностите на Дукати со своите патувања низ светот. За нив следат вредни награди, но и посебно место на свеченоста за стогодишнината на марката.
Дукати објави завршеток на натпреварот во коjшто ги повика своите Дукатисти Мултистрадисти да испратат видеа, слики и неколку редови текст, за да покажат дека тие отишле најдалеку со своите Мултистради В4.
Натпреварот годинава доби дополнителна димензија, кога Дукати се подготвува да одбележи еден век постоење на компанијата. До италијанскиот производител на мотоцикли пристигнаа документирани сведоштва од Мултистрадисти од 38 држави ширум светот.
Дукати постави шест категории, со цел да се покажат сите сценарија во коишто Мултистрада В4 е во својата природна средина. Тие опфаќаа авантури, заеднички и соло патувања, клупски дружења, и секако, најдолг пат. Посебна категорија беше издвоена за патувањето што им остави најмногу впечатоци на Италијанците, преку најдобро прикажување на вредностите на марката.
Колумбиецот Алехандро Рестрепо победи во категоријата на најавантуристичко патување, со својата Мултистрада В4 Рели. Тој патуваше по цела Колумбија, по рамница и савана, низ амазонската прашума, минуваше реки, земјен пат, мочуришта. Неговиот коментар: „Искуства што ништо во светот не може да ги замени: патувањето низ мојата земја со толку удобен и издржлив мотоцикл е непроценливо“
Клаудио Муци од Италија, со Мултистрада В4 С, победи во категоријата за заедничко патување, со возбудлив пат до Северниот ‘Рт, во должина од 12.000 километри, низ 11 држави. Патувањето во група не успеаја да го запрат ниту оркани, дождови или постојаните изненадувања.
Најмногу возбуди при патувањето во рамки на официјален клуб на Дукати имал Литванецот Јустас Стаикунас. Неговите Дукатисти појдоа од Танџир и се упатија кон пустината Мерзуга, на патување со екстремни предизвици, по распаднати патишта, пробивајќи се низ метар снег, честопати туркајќи ги мотоциклите, за да дојдат до одредиштето, до Мерзуга, пустина што е најголем предизвик за секој авантурист. Тој вели: „Секој ден бев притиснат до крајни граници – и секој ден возвраќав со уште повеќе сила.“
Најмногу километри минале Колумбиецот Џон Едисон Палацио Лопез и неговата сопруга – вкупно 35.000 километри, со својата Мултистрада В4 Рели, низ осум држави во Јужна Америка, со одредиште во прочуената Ушуаја. Тоа било авантура низ студ, ветер, долги делници, но мотоциклот пак дозволувал секој ден да се минуваат по илјада километри. По пат до крајот на светот, тие сретнале андски кондор. „Понесов голем број прекрасни сеќавања: луѓето што ги сретнав, предизвиците на студот и ветрот, моментите што ги поминав со мојата сопруга, и местата до коишто само Дукати Мултистрада В4 Рели ме донесе.“
Кинезот Џангвеј Ши, сам извозе експедиција низ Тибег, Синџанг и Централна Азија. Неговото патување започна на тибетската висорамнина, по автопатот 219, продолжи долж целиот регион на Синџанг, за потоа да вози низ Казахстан и Узбекистан, долж историскиот Пат на свилата, по планински снегови, пустини и ледници. „Чувство на апсолутна слобода, отворен ум“, претставува ова патување за него.
Посебната, шеста категорија, беше наменета за патување што најверно ги прикажува вредностите на Дукати. Тука победи Французинот Жоел Мосан, кој се пушти на долг пат за да го одбележи 18-от роденден на својата ќерка Сара. Тој појде од Клермон-Феран и се упати до Тунис, кај ќерка си, за тие да продолжат со возењето низ градови, пустини, предели, и да дојдат до Сахара, вклучувајќи преноќување во Шенини, во берберски пештери. „Незаборавна авантура татко-ќерка, што засекогаш ќе остане врежана во моите сеќавања.“
Дукати најдетално ги пренесува сведоштвата од наградените авантуристи на линкот
https://www.ducati.com/ww/en/contest/multistrada-v4-voyagers
Покрај наградниот пакет, што опфаќа дузина ставки од приборот на Дукати, италијанската марка на победниците ќе им испрати и ексклузивен пехар, за нивното достигнување.
Третата и секако важна награда е влезница за Светската Недела на Дукати 2026 и влезница за Борго Панигале Експериенс, што е туристичка посета на фабриката и на местата во Болоња, што се поврзуваат со историјата на марката.
На посебен дел од вебсајтот на Дукати и по сите канали на друштвените мрежи ќе бидат објавени фото и видео сведоштвата на победниците во натпреварот во славеничката година.
Дукати е меѓу најактивните марки мотоцикли на македонската сцена, што го докажува и големиот одѕив на Дукатистите на заедничкото возење, кога цел свет околу марката од Борго Панлигале, во исто време, на 9-ти мај, во 9.00 часот, појде на заедничко возење.
Во саботата 22.000 Дукатисти стартуваа во исто време, голем собир и во Македонија















