Десет работници во фабриките на Донгфенг, што најмногу се издвоиле со својата посветеност и работољубивост, годинава беа наградени за својата работа со електричен СУВ од престижната марка и-пи.
На свеченост што се одржа на 29-ти април и на којашто присуствуваа преседателот на корпорацијата Донгфенг Мотор, Јанг Чинг, генералниот директор Фенг Чангџун, и уште бројни претставници од највисокото раководство, десетмината избрани работници, беа наградени за својот труд со електричен автомобил од престижната марка и-пи.
Свеченоста се одржа под мотото „Вештини за нацијата, оддавање чест на мајсторите“, во седиштето на Донгфенг Мотор.
Кинескиот производител трета година ги поттикнува своите вработени да се посветат целосно во својата работа и ги прогласува Мајсторите на Донгфенг.
Годинава беа наградени работници од широката мрежа од погони и фабрики на корпорацијата, вклучувајќи ги ливницата и погонот за пресување, завршната монтажа и контролата на квалитет во фабриките на повеќе марки.
Досега 30 работници на Донгфенг се наградени за својата работа.

















