Киа го објави почетокот на продажбата на својот најдостапен модел со целосно електричен погон на македонскиот пазар, ЕВ2. Со големината од малку над четири метри, новиот електричен модел одговара со познатиот Стоник. Во врната изведба може да се очекува досег до 453 километри.
Вообичаено за Киа, новите модели доаѓаат на нашиот пазар во истиот бран со големите европски пазари. Кусо по објавувањето на почетокот на продажбата на ЕВ2 во Германија и останатите клучни пазари за електромобилноста, новиот електричен модел веќе е достапен за нарачки во Премиум Брендс, увозник за Киа, Волво и БАИК.
ЕВ2 е достапен во пет моделски изведби, вклучувајќи две погонски варијанти: Едната е со батерија од 42,2 киловатчасови и моќност од 108 киловати/147 КС, додека втората варијанта е со батерија од 61 киловатчас и моќност од 135 КС. За изведбата со помалата батерија да биде уште подостапна, кај неа се користи хемија ЛФП (литиум железо фосфат), додека кај поголемата батерија е класична литиум јон батерија НМЦ (никел манган кобалт).
Во поглед на перформансите, двете батерии се слични, единствено е разлика тоа што ЛФП бара малку повеќе простор, односно има пониска енергетска густина од НМЦ. Бројни производители во меѓувреме избираат ЛФП-батерија, за да понудат електричен автомобил по подостапна цена, и пазарот реагира соодветно.
Ценовникот во Македонија почнува од 28.950 евра, редовна цена за изведбата со батерија од 42,2 кВч и ниво на опременост Лајт. Оваа погонска изведба се нуди и во средното ниво на опременост Ер (воздух), коешто чини 32.500 евра. Врвното ниво е Ерт (земја), со цена од 34.950 евра.
Изведбата со поголема батерија е достапна во двете повисоки нивоа, и соодветно чини 34.500, односно 36.950 евра во нивоата Ер и Ерт. Понатаму ќе биде воведена и изведба ГТ-Лајн, со спортски изглед и соодветно уредена внатрешност.

Досег до 453 километри и полнење за околу еден час на брз полнач
Со помалата батерија се постигнува досег до 317 километри според ВЛТП, додека со батеријата од 61 кВч се можни до 453 километри. При приклучување на брз ДЦ-полнач, Киа ЕВ2 полни со моќност до 50 киловати, и постигнува наполнетост од 80% за 42 (за помалата батерија), односно 70 минути (кај 61 кВч). На обичен полнач со моќност од 11 киловати, полнењето трае 4 часа и 5 минути, односно 5 часа и 35 минути соодветно.
Со перформансите, човек е на сигурно кај електричните автомобили, што се однесува до забрзувањето во секојдневно возење и одржување на динамиката на пат. Спринтот трае 8,7 секунди кај основниот и 9,5 секунди кај моделот со поголемата батерија и со пониска моќност. Крајната брзина е ограничена на 161 километри на час.

Со големина на каросерија споредлива со Стоник, но пак значитечно повисока од него, со 1,575 метар, ЕВ2 нуди и пристоен багажник од 362, односно 1.201 литри.
Со опременост, пак, човек е на сигурно кај Киа, и тоа важи и за најдостапниот електричен модел ЕВ2. Системите за асистенција досегаат до предупредување за возило во мртов агол, приспособлив темпомат и систем за следење лента, а понатаму следат и паркинг сензори, задна камера, автоматски клима уред, инфо-забавен систем со екран од 12,3 инчи, дигитални инструменти од 12,3 инчи, пристап и старт без клуч, потпирач за лакт напред, електрична паркирна сопирачка.

Во средното ниво на опременост се добиваат уште понапреден систем за асистенција при возење на автопат, камера за будност на возач, двозонска клима, безжичен полнач за телефон, сензор за дожд, полнач 22 кВ, собирање на ретровизори, тркала од лесен метал и кровни шини.
Врвниот модел доаѓа дополително со премиум аудио систем Харман Кардон, електрика за возачко седиште, седишта во комбинација со кожа и со греење, како и дополително затементи задни стакла.

Киа веќе постигна повпечатлива продажба на електрични автомобили за возен парк со 70-те такси возила за Штип, со поголемиот модел ЕВ3, што веќе стана белег на градските улици. Во меѓувреме, а посебно кога светот осознава појасно од кога било досега, дека политиката ја гради цената на нафтата, побарувачката за електрични автомобили повторно расте, како во приватниот сектор, така уште повеќе кај компаниите, кај коишто е главно, оперaтивните трошоци да се сведат на најниска можна мера.
















