
Германските возачки и возачи во март се подновиле со 294.161 нови автомобили, што е за 16 проценти повеќе во споредба со лани.
По големиот раст во март, германскиот пазар во првото тромесечје е за 5,2 проценти над ланскиот резултат. Во третиот месец соодветно пораснал и бројот на новорегистрирани службени возила, за 13 проценти. Повеќе од половината од новите автомобили во март гласат на име на фирма, односно имаат удел од 65 проценти. Кај приватните возила, растот е 22,2 проценти.
Најголем раст во март имала марката смарт, со +189,6 проценти, но нејзиниот удел е само 0,2 пеоцент. Двоцифрен пораст имаат Опел (продажба +43,0 %/ удел од 4,7 %), МИНИ (+42,3 %/1,2 %), Ауди (+25,0 %/7,5 %) и БМВ (+16,5 %/8,3 %). Наспроти тоа, пад имаат Порше (-12,1 %/1,0 %) и МАН (-47,6 %/0,0 %).
Најголемиот дел од пазарот го држи марката Фолксваген, со удел од 17,9 проценти, однсоно близу еден од секои пет продадени автообили носи знак на Фау Ве.
Од трите увозни марки што продаваат над 10.000 возила, Шкода го зголемила пазарот за 34 проценти, со удел од 8,4 проценти, а Хјундаи следи со раст од 29,5 проценти и удел од 3,5 проценти. Кај Сеат, сепак имало пад од 4,9 проценти, со пазарен удел од 5,6 проценти.
Трицифрен пораст имаат БИД (Билд Јоур Дримс), со +327,1 % и удел од 1,2 %, потоа Липмотор (+318,1 %/0,5 %), Тесла (+315,1 /3,1 %), Шаопенг (+211,9 %/0,2 %) и Алпин (+138,5 %/0,0 %).
Со учество од 8,4 проценти на пазарот на нови автомобили, Шкода и натаму е најпродавана увозна марка во Германија.
Далеку повеќе од една третина (37,1%) од пазарот во март им припаѓа на СУВ од различни класи. Втор најпродаван сегмент се компактите (13,5 %/ удел +5,4 %), по нив следат градските возила (12,2 %/+11,0 %).
Вториот најголем раст го постигнала средната класа (+20,4 %/8,6 %). Расте и продажбата на минивановите (+16,4 %/0,8 %), теренците (+13,9 %/10,3 %) камперите (+12,0 %/3,0 %), повеќенаменските возила (+9,6 %/4,4 %) и минијата (+7,4 %/1,8 %).
Паѓа продажбата во високата класа (-18,0 %/0,4 %), на спортските возила (-9,3 %/0,7 %) и на големите ванови (-3,3 %/1,7 %).
Преку нови 70.000 електрични возила во март
Целосно електричните возила постигнале 70.663 продажби во третиот месец, што претставува раст од 66,2 проценти во споредба со лани и одговара на удел од 24 проценти.
Со хибриден погон, вклучувајќи и благи хибриди, регистрирани се 117.846 нови автомобили, зафаќајќи удел од 41,1 проценти (+16,2 %). Вклучени се и 29.996 приклучни хибриди (+13,0 %/10,2 %).
Бензинците без каква било електрификација имаат удел од 22,8 проценти и продадени 66.959 автомобили, со пад од 4,9 проценти од лани. Пад има и кај дизелите, со 37.664 автомбили и 0,6 процент во минус. Нивниот удел е 12,8 проценти.















