Како правилно да ги чувате гумите до следната зима

Зимските гуми веќе извесно време се симнати и чекаат за следната сезона. Но, дали е доволно гумите само да се остават на сигурно и да не се презема ништо?

Неколку едноставни зафати се доволни, за да се спречи стареење, оштетување и непотребно трошење на гумите, додека чекаат да се вратат во служба во следната сезона.

Автомобилските гуми не се мал трошок, и тоа е една причина, да им се посвети повеќе внимание, кога ќе им заврши сезоната и треба да се чуваат до следната. Втората причина е уште „поскапа“, а тоа е безбедноста. Зимски и летни гуми, што се чуваат правилно, не само што ќе траат подолго, туку се вложува и во безбедноста.

Обврската за зимски гуми заврши веќе на 15-ти март и доколку постоечкиот сет уште е во добра состојба, тие веќе се сместени за да ја чекаат својата сезона. Но, не е доволно, гумите само да се одложат, евентуално да се покријат и да се заборават до зиме.

Првиот и најважен чекор е гумите да се исчистат темелно. Прашината од сопирачките облоги, нечистотијата и остатоците од сол, можат да ги нагризат гумите, ако се остават така да стојат до следната зима.

Затоа, тркалата и гумите треба да се исчистат со неагресивно средство за чистење. Важно е и самото средство да се отстрани темнелно, затоа што агресивните чистачи за тркала, што веројатно содржат киселина, може да ги оштетат тркалата од лесен метал.

Проверка дали има оштетувања на гумите

По чистењето, полесно е да се добие веродостојна слика за состојбата на гумите. Секоја гума и секое тркало треба да се провери, дали се оштетени. Пукнатини на страниците на гумата (каскадите), скинати делови од газечката површина, профил што е повеќе истрошен од едната страна, џумки, деформирања на тркалото и губење притисок, се знаци што укажуваат дека гумите веќе се начнати.

При сомнеж, најдобро е гумата да се однесе во сервисна работилница и да се провери дали може да се смета на истата за следната сезона.

Тоа што не смее да се припушти, секако е проверка на длабочината на профилот. За летните гуми, границата на истрошеност е 3 милиметри, додека за зимските гуми, како сигурен минимум за безбедно возење при мокар пат важат 4 милиметри.

Доколку гумите се постари од 10 години – датумот е наведен на секоја гума, тоа е ознаката ДОТ, што се состои од неделата во којашто тие се произведени и годината – гумите секако дека се зрели за замена. Во тој случај, мора да се смета на нов сет гуми за следната зима.

Пред одлагањето, се препорачува притисокот да се зголеми за 0,5 бар. Така се избегнува преголемо губење притисок при мирувањето. Секако дека е важно секоја гума да се обележи соодетно, на пример, ПЛ, за предна лева, или ЗД, за задна десна гума.

За возачите што практикуваат да ги вкрстуваат гумите од сезона до сезона, тоа е од суштинско значење. Правилото, спротивно од претпоставките, гласи дека гумите со подлабок профил треба да одат назад, не напред.

Местото на чување е важно

Гумите се чуваат во сува просторија, каде што не се изолжени на високи температури, и темна просторија, на пример, во подрум или гаража. Светлината, големи температурни скокови или контакт со масло, влијаат врз составот на гумите и го забрзуваат стареењето.

Доколку се складираат монтирани на тркало, тие треба да се постават летнато и едно врз друго. Наспроти тоа, доколку се чуваат само гуми, тие треба да стојат исправено. Во продавниците постојат посебни држачи, што не се прескапи. Добар совет е гумите да се премачкаат со тенок слој восок. Така ќе се исчистат уште полесно пред следната сезона.

Тест на летни гуми на ADAC: Од 16 гуми, само три со добра оцена

Претходна објаваДукати ќе ги наградува најдобрите слики од патувања
Следна објаваБМВ мораше да смени еден детал за да го продава новиот СУВ во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here