
- Пазарот на мини автомобилите спадна на одвај 4 проценти, додека во 1990-држеше удел од 25 проценти од вкупниот автомобилски пазар.
- Со субвенции, новото Рено Твинго во Франција почнува од 15.350 евра, со што е меѓу најдостапните ЕВ од европска фабрика.
- Од ЕУ се чека да даде посебни повластици за малечки ЕВ, што ќе ги направи подостапни.
Рено сепак реши да не се откажува, и со новото Твинго, како целосно електричен автомобил што чини под 20.000 евра, сака да ги врати купувачите во овој сегмент.
Иако мини автомобилите се решение за кризата што индустријата си ја создаде сама и ги потисна достапните автомобили, нивниот удел од 25 проценти од целиот пазар во 1990-те, денес е сведен на неколку проценти.
Дури и најголемите европски марки, вклучувајќи ги Ситроен, Пежо, Опел и Фолксваген, во изминатите години го напуштија сегментот. Кинеските производители исто така ги запоставија мини автомобилите и повеќе внимание им посветија на поголеми модели, коишто носат поголема заработка.
Рено почна со нарачки за Твинго во Франција, со ценовник што почнува од 15.350 евра, но вклучувајќи ги државните субвенции во таа цена. Без субвенции, француското мини во Германија и Белгија, на пример, чини 19.500 евра. Тоа се трка со малечкиот кросовер Ситроен е-Ц3 за насловот на најдостапен ЕВ од европско производство.
Со батеријата од 27,5 киловатчасови може да се смета на досег од најмногу 263 километри. Сличен досег постигнува и главниот конкурент со цената, кинескиот Липмотор Т03, што стартува од 18.900 евра без субвенции. Друг соперник е Дачиа Спринг, што исто така се произведува во Кина и чини 16.500 евра, но досегот изнесува само 225 километри, што е 40-на километри помалку од Твинго.
Тоа што ќе го продава Твинго, веројатно нема да биде само цената и досегот. Рено верува дека ќе го разбуди духот на возачките и возачите што се запознаени со култот на првата генерација на Твинго. Модел со ова име се појави првпат во 1993 година, со сосем различен концепт од останатите, во време кога Рено беше специјалист за ванови, и токму просторноста и практичноста беа негова посебност. Стилот на новакот во огромна мера се потпира врз изгледот на првиот модел.

Со преку четири милиони Твинговци на улица, од првата генерација со весел изглед, до третата генерација со мотор назад, „Рено има кребилититет и искуство да му даде нов живот на сегментот“, изјави претставик на компанијата за време на новинарските тест возења во Ибица.
Исто како што е случај со новите Рено 4 и Рено 5, марката се потпира на ретро изгледот за својот нов ЕВ. Новото Твинго црпи бројни препознатливи детали од првиот модел, вклучувајќи очи како на жаба и тенка маска, долгит и закосен ветробран и три отвори во хаубата. Дури и во внатрешноста е испочитуван прекинувачот за безбедносни трепкачи, што е сместен врз арматурната табла и личи како бомбона.
Пристапот е ист како кај Рено 5 и Рено 4: Се буди носталгија за едноставните времиња, со пристоен електричен погон, што ги почитува напорите на светот за намалување на загаденоста, но и нуди ниски работни трошоци. Згора на сé, малечкото Твинго е на свој терен во градот.
Не толку одамна, во 2019 година, Рено уште продаваше по 90.000 примероци од Твинго. Доколку новиот модел се приближи барем малку до таа бројка, тоа би донело огромен скок на продажбата во сегментот. Во 2024, последната цела година на производство на претходниот модел, Рено продаде околу 25.000 возила.

Предложените нови закони на ЕУ одат во прилог на малечките автомобили
Времето во коешто Рено го пушта Твинго е погодено, не само поради носталгијата. Новите закони што се очекува да ги усвои Европа, може да им дадат силен ветар во грб на малечките автомобили.
Исто како што е случај со Рено 5 во сегментот на градските модели, Твинго стартува со продажба пред бранот силни соперници, вклучувајќи дури и модели од сопствената групација. Дачиа подготвува нова генерација на својот Спринг, што треба да се појави кон завршетокот на 2026 година и ќе излегува од истата фабрика во Ново Место. Романската марка секако ќе понуди цена под Рено. Потврдено е дека и Нисан ќе стави свој знак на модел со техниката од Твинго.

Концернот Фолксваген се подготвува за годинава да го лансира градскиот модел ИД Поло, за в година да следи помал модел што ќе му парира на Твинго, откако германскиот производител не ја прифати поканата да соработува со Рено.
Откако мини автомобилите станаа вид што е загрозен од исчезнување, Европската Комисија пушти јаже за спас и предложи на електричните автомобили што се произведени во Европа и се долги до 4,2 метри, да им се даде дополнителен фактор при пресметувањето на емисијата на ЦО2. А, тоа значи дека секој автомобил од оваа категорија ќе се множи со фактор 1,3, кога Комисијата ќе почне да им ја пресметува вкупната емисија на производителите на автомобили, за да провери дали ги исполнуваат барањата.
Предогот беше поднесен во декември, откако шефовите на групациите Рено и Стелантис повикаа да се издвои посебна категорија мини автомобили, слично на микро-автомобилите во Јапонија, коишто уживаат посебни привилегии и поволности.
Рено го стокми Твинго да одговара на иницијативата на Комисијата за „произведено во Европа“, со којашто се бара 70 проценти од вредноста на ЕВ да потекнува од Европа. Батеријата во Твинго во моментов се набавува од КАТЛ, Кина, но тоа ќе се смени в година, кога во Унгарија ќе започне производството на батерии.
Рено 5 Е-Тек на тестот во Аутомедиа
Твинго спојува европски дизајн и кинеско искуство во електричните автомобили. Моделот е развиен за само 20 месеци, во соработка меѓу техничкиот центар на Рено и кинеските инженери во Шангај.
Електромоторот што теши 65 килограми испорачува 60 киловати, но со вртежниот момент од 175 њутунметри, тој е сосем способен да ги задвижува Твинго. Со спринт до темпо 50 за 3,85 секунди, малечкото Рено забрзува како спортски автомобил.
На брз полнач, батеријата се полни од 10 до 80 % при моќност од 50 киловати за само 30 минути.















