Со неколку зафати во надворешноста и во внатрешноста, Ситроен го привлекува вниманието на сцената кон своите моделски серии Ц3, Ц3 Еркрос и кон Ц4, понудувајќи ја серијата Колекшн. Купувачите добиваат повеќе, со помала разлика во цената.
Ситроен нуди три модели со сосем различни концепти, под специјалната серија Колекшн – од градскиот кросовер Ц3, од СУВ-моделот Ц3 Екрос и од компактниот кросовер Ц4.
Производителите од широкиот пазар обично се јавуваат со специјални моделски изведби откако ќе имаат низа успеси со лансирање нови модели. Таков е случајот со Ситроен, што по обновеното трио Ц3, Ц3 Еркрос и Ц5 Еркрос, ја врати марката во центарот на случувањата на автомобилскиот пазар – не со еден модел, туку со сите. Во меѓувреме следеше и освежување на Ц4 и Ц4 Икс.
Французите уште лани ја пуштија во живот специјалната изведба Колекшн кај својот Ц4. Таа годинава се нуди кај три моделски серии. Како основа служи средното ниво на опременост Плус, на којашто се надградуваат стилски детали и ставки во опременоста, со мала разлика во споредба со цената на појдовниот модел.
Ненападни црвени украси се додадени во предниот и задниот браник, кај Ц3 и Ц3 Екрос, односно во страничната облога кај Ц4. Црвената боја речиси е заштитен знак на историските модели на Ситроен.
Тркалата се лакирани црно, со различен дизајн кај сите три модели. „Тројките“ имаат тркала од 17 инчи, кај четворката се 18 инчи. Понатаму, задните стакла зе затемнети, а кој сака уште понагласен стил, може да нарача покрив во различна боја. Тоа е стандард кај Ц4.
Секој модел има посебност. Кај Ц3 Еркрос, долу на предните врати стои натпис Еркрос, додека задните столбови се обложени со фолија што има посебна графика.
Во внатрешноста, главен печат кај Ц3/Ц3Еркрос става сината боја на седиштата, на арматурната табла и на потпирачите за лакт во вратите, додека кај Ц4, се менува и изгледот на седиштата, а се обложени и вратите.

Патосниците се штепувани во црвена боја и на нив пишува Ц3, односно Колекшн кај Ц4. Уште една посебност кај Ц4 е тоа што изведбата на арматурната табла е преземена од нивото Макс, со посебен изглед и детали.
Првпат во Ц3 Еркрос е достапна светло-сината боја.
Во опременоста, Ц3 Колекшн добива задна камера и електрика за задните прозорци, што веќе се стандард кај Еркрос-от. Тоа што го прави посебен последниов е пристап и стартување без клуч, во хибридната и е-изведбата.
Темата кај Ц4 Колекшн е дигитализација, а тоа значи средишен дисплеј од 10 инчи со навигација и говорни команди, заедно со возачки дисплеј од 7 инчи. Пристап и старт на копче е стандард, исто како и задна камера со приказ озгора.
Ц4 во специјалната серија се испорачува со хибрид со 145 КС или со електричен погон.
















