Колку време ќе мине додека бензините повторно поевтинат

Цените на суровата нафта се менуваат постојано. Во почетокот на неделата беше јавено дека цените паѓаат, иако присилено. Возачките и возачите секако се прашуваат, кога може да се очекува цените на горивaта да се спуштат.

polnenje gorivo

Додека суровата нафта дојде до пиштол за точење гориво, таа треба да мине низ долга и сложена верига за преработка и транспорт. Глобалните нафтени компании прво треба да набават сурова нафта по тековните цени, којашто понатаму се транспортира до рафинериите, за таму да се преработи во бензин и во дизел.

Горивата понатаму доаѓаат кај големите трговци, па преку низа посредници, на крајот може да се наточат во цистерни и да се наполнат резервоарите на станиците за точење гориво.

При умерено поевтинување на суровата нафта, обично се потребни неколку денови до неколку седмици, за промената да се почувствува. Првите незначителни поевтинувања може да се очекуваат дури по една седмица. За позабележлив пад на цените, може да се зборува дури по две до четири седмици.

Услов за тоа да се случи, секако е цената на суровата нафта да не се менува во меѓувреме и да не порасне по кусо време.

Зошто цените на горивата паѓаат толку бавно

Феноменот што е својствен за пазарот на моторни горива, во економијата се води као „рокет енд федер“, односно „ракета и пердув“. Тоа значи дека цените на горивата прво растат со брзина на ракета, за потоа да паѓаат како пердув.

Овие асиметрични влијанија врз цената на горивата се предивикани од тоа што, станиците за точење гориво реагираат веднаш и ги зголемуваат своите цени, кога ќе порасне цената на суровата нафта. Но, кога суровата нафта ќе почне да поевтинува, цените на горивата се менуваат многу бавно.

За тоа се одговорни повеќе фактори. Станиците за гориво прво треба да го продадат горивото од резервите, коешто е купено по повисока цена. Но, дури и кога цената на суровата нафта ќе забележи поголем пад, тоа релативно малку се покажува во конечната цена на горивото.

Половината од цената отпаѓа на даноци и акцизи, а тие не се менуваат со цената на суровата нафта

Во цената на еден литар бензин Еуросупер БС – 95, на пример, според одлуката на Регулаторната Комисија од 9-ти март, содржана е највисоката набавна цена, којашто изнесува 36,145 денари за литар. На тоа следат трошоци за складирање и трговска маржа, во висина од 7,258 денари за литар 95-ка. Дополнително се плаќа 1 денар по литар, за транспорт на горивото до станица. На тоа следат уште 0,080 денар/литар за животна средина, pa 0,89 денар/литар за задолжителна резерва.

Клучниот фактор е акцизата, којашто изнесува 22 денари по литар БС – 95. Со акцизата сепак не може да се манипулира толку наивно, како што се претпоставува, затоа што се работи за масовна набавка на нешто што не се произведува во земјава, и секакви зафати во таа насока ќе имаат тешки имликации врз економијата.

На крајот, секако дека следи ДДВ-то.

Електричните автомобили одеднаш престанаа да бидат толку смешни

Затоа, меѓу другото, во посеризни средини на водење на државите, обично се постаpува стратешки кон постојано смалување на потрошувачката на нафта на ниво на држава.

Постојат и други клучни фактори што влијаат врз промената на цените на нафтата и горивата, како курсот на еврото и доларот, оптовареноста на рафинериите и сезонската побарувачка за горива.

Извесно е дека горивата нема да поевтинат позначително уште неколку седмици, доколку не се сменат случувањата на Средниот Исток. Повеќе е за очекување дека цените ќе пораснат, и тоа допрво. Светот е пред следнат голема нафтена криза.

Претходна објаваЦитроен раскажува за „Љубов на прво возење“ во новата реклама
Следна објаваСузуки Витара доби електрична изведба, првите возила доаѓаат во април

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here