Ферари им исплати рекордни бонуси на вработените, 14.900 евра по човек

Производителот на спортски автомобили Ферари на своите вработени ќе им исплати рекордна премија за успешното работење во деловната 2025 година.

Ферари Додичи Чилиндри изработен по посебна нарачка за клиент од Јужна Кореја

Ферари во минатата година испорача 13.640 автомобили и постигна промет во висина од 7,15 милијарди евра. Од тоа остана чиста добивка од 1,6 милијарда евра, што преставува раст од 5% во споредба со 1,52 милијарда евра преклани.

Тоа е огромен раст во добивката на италијанскиот производител на спортски автомобили Ферари во минатата година, во споредба со 2020 година, кога добивката на Маранело изнесуваше само 609 милиони евра.

Од успешното работење на Ферари во 2025 година ќе имаат корист и вработените.

Од 2021 година, бонусот постојано е во петцифреното подрачје.

Додека во 2024 година, премијата од успешното работење изнесуваше 14.400 евра, вработените во Ферари за трудот во минатата година ќе се радуваат на 14.900 евра во просек. Тоа е нов рекорд.

Италијанците го нарекуваат овој бонус „Премио ди Компетитивита“ и секоја година го пресметуваат посебно. Висината на премијата се одредува според исполнувањето на јасно поставените цени за продукцијата, рентабилноста и квалитетот.

Во 2017 година година, работниците во Ферари добија 5.500 евра бонус. Во 2020 година беа 7.500 евра, но веќе во следната година, вредноста достигна петцифрено подрачје, со 12.000 евра. Две години подоцна беа 13.500 евра, исто колку и во 2023 година.

Претходна објаваФорд десетпати ги повикуваше возачите на хибридната Куга во сервис
Следна објаваOpel Mokka GSE Rally · Нови стандарди во електричното рели

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here