Домашен пазар: Шкода Камик најпродавана во ноември, БМВ во Топ 10

На македонскиот автомобилски пазар во минатиот месец биле продадени вкупно 540 патнички и доставни возила. Тоа е благ раст во споредба со лани.

БМВ Икс 1 постигнува

Меѓу најпродаваните модели на македонскиот пазар не се случија големи промени во текот на годинава. Шкода, Тојота, Киа, редовно имаат најмалку по еден модел во Топ 10. Тоа што двои од вообичаениот состав е една премиум марка. БМВ го завршија ноември со 16 продадени возила. Податоците се од неофицијални извори.

Во ноември, македонските возачки и возачи, фирми и службени возни паркови се подновија со 425 патнички автомобили и 115 доставни возила, односно вкупно 540 возила. Во истиот месец лани, пазарот броел 531 возила, што значи дека годинава има мал раст од одвај нешто над 1,5 процент. Тоа е воедно и динамиката што го следи целиот европски пазар.

Можно е домашниот автомобилски пазар и годинава да надмине 7.000 продадени нови возила, но тоа зависи од динамиката во последниот месец од годината. Пазарот во моментов е на 6.374 нови возила за 11 месеци.

Лани во ноември имало 452 патнички автомобили и 79 доставни возила, што значи дека годинава во истиот месец повеќе напредувала продажбата на доставни возила (+45,6%), додека опаднала продажбата на патнички возила (-6,3%).

Вкупно за 11 месеци се продадени 5.574 патнички и 830 доставни возила. Кај првиве има пад од 2,1 проценти, со 5.692 возила, а кај вториве пад од 12,2 проценти и продадени 931 возила. Соодветно на тоа, пазарот до ноември годинава е опаднат за 3,9 проценти.

Во конкуренција на марки, ноемврискиот пазар го предводат Шкода и Тојота, по нив Фолксваген и Киа, а се враќа и Пежо, како 5-та најпродавана марка на македонскиот пазар.

Секако дека е убаво изненадување тоа што БМВ, во годината кога М Кар одбележа десетгодишнина, се пробива меѓу најпродаваните марки, со 16 возила во ноември. Како што информираа од М Кар, во оваа продажба учествуваат повеќе модели, од бестселерот Икс 1, до луксузниот Икс 5. Мазда е следното изненадување, со продадени 13 возила, исто колку Сузуки.

Кај товарните возила, Опел продал 23 возила, истата продажба е пријавена за Форд, трет е Фолксваген. Лани во ноември биле најпродавани Фиат, Ситроен и Мерцедес.

Секако, главната љубопитност е околу тоа, кои модели се најпродавани. Водечката тројка гласи, Шкода Камик со 36, Тојота Корола со 28 и Опел Корса со 22 возила. Првите два модели (264, односно 255 возила до 11-от месец) се на добар пат да достигнат и звучна граница од 300 продадени возила за една година, што ќе зависи од декемврискиот купувачки дух.

[the_ad id=”85764″]

Други модели над двестотката се Киа Спортаж (208), Шкода Октавија (264) и Рено Клио (218).

Киа Спортаж се држи одлично и по фејслифтот, со збогатена опременост и префинетост, што ѝ донесе продажба од 18 возила во ноември. Корејскиот СУВ лани беше најпродаван модел во Македонија.

Тојота и Шкода се единствени марки со повеќе од 1 модел во топ 10, Јапонците со Корола и Јарис Крос, Чесите со Камик, Октавија, Скала.

Претходна објаваОд лимузински Крајслер, преку теренска Шкода, до лавовски Пежо 408
Следна објаваКои денови Мерцедес-Бенц ги празнува во 2026 година

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here